Нормално ли е да повраќа неколку часа после оброг? Незнам дали и е од многу јадење, некоја интолеранција или се што бута во уста.
Здраво Уште малце почнуваме со вкусови на 5 месеци Ако може некоја подетално да ми каже со што да почнам,по колку,кога житарици и со што да давам и кога втор оброк? Фала многу
8 месеци сме, време ли ни е за трет оброк, втор воведовме со полни седум. И што најчесто давате во трет оброк?
Во 200 ml зовриена вода или 100 ml зовриена вода и 100 ml млеко (јас ставам AD) се ладат до некоја пониска температура (50°C) и се додава оризовите снегулки. По една минута е готова кашата и додавам овошје/зеленчук/месо. Знам да ја искористам и водата од овошјето/зеленчукот што сум ги варела. И тоа само вода. Без АD
Дали нешто ти кажа педијатарот? Можеш да почнеш со јаболко или морков и по неколку лажички. 5-6 бебешки лажички. Ако купуваш готови. Тоа е пола тегличка. По 3 дена од вкус. Вкусот треба да ти биде околу 14 h, во зависност каква динамика имате. Може и во 13. Но немој после 15h. Можно е после вкусот да ти бара млеко. Затоа што тоа е мала количина и нормално е да е гладен/гладна. Да не се паничиш. Гледај да поминеш повеќе вкусови од: јаболко, моркoв, круша, тиква, банана, тиквичка, компир, брокула, авокадо, ориз, палента, просо. Нареден месец ќе си воведеш оброк во тој термин, а од сабајле после прв подој ќе воведеш вкус. Ова е мое мислење. Мислам дека и други ќе ти пишат, па оцени си сама што како
Од вчера Така си со син ми воведував месец дена од прв оброк. Компир и карфиол , ама пола порција изеде. Може дека путер ставив ….
@eli25 многу убава хомогена кашата на бебка што ја стави во темата околу 40... Со што блендаш или до количината е? Јас со вилушка пасирам банана, батат, праска, а круша и јаболко рендам на средното сечило и кашесто е... Стартно пробав со рачниот ама ги бркав парченцата јаболко зошто малку беа, и после вака фатив ред..
А дали можи да ми кажите по колку количински ставате од продуктите за да направите каша пример од 190грама? Одприлика ми треба да знам да не му е премногу или па малце...незнам по што да се водам...