Зошто има авокадо И јас пасирам ама овојпат ми излезе прегуста палентата па морав во блендер. Инаку , нутрибулет користам .
Па обично сите се водат по купечките кашички, односно претури ја кашата во празна таква тегличка од 190гр за да ти биде како мерка.
За количината на кашата да ми текна за така. Ама за продуктите пример ако прам каша од јаболко круша и слива,значи колку круши колку сливи отприлика..за да не му се оптерети желудничето,додавам и вода нормално
Кога има плус житарка треба да биде една третина житарка и две третини овошје, а вака нема некоја врска процентуално кое овошје да доминира, тоа останува на тебе по вкус.
Почнавме со вкусови, до сега дадов јаболко 3 дена, морков 3 дена и крушка 2 дена. Ама некако крушкава не ја обожава, дали текстурата дека зрнаста. Можам ли утре како за 3 ден да ја измешам крушата со јаболко? Кога почнавте да им давате повеќе од неколку лажички? И житарици како просо, ориз кога можам да воведам? 6 месеци ќе прави бебе за некој ден.
Истерај уште еден ден со круша. Јас секој ден зголемував по 2-3 лажички. така да 2 теглички мали ги јадеше за 3 дена, ако не малата јас или сопругот ги довршувавме овошните... зеленчуковите... ноуп... можеш да дадеш сега 3 дена ориз или просо. Претходна страна има напишано за оризот. Би требало да има и просо исто лесно за подговување. Јас купив органско просо од Belina. После пак 3 дена овошје или зеленчук ( банана, батата компир, брокула-тука ќе се измачиш, тиквичка итн) па пак дади ориз или просо (што не си дала претходно), па пак овошје или зеленчук и палента исто можеш или има исто инстант за спремање од пченка Пријатни оброци
Овде месо се дава после компирот, во 6 ти месец. Јас планирам неделава или евентуално од понеделник. Ќе почнам со телешко,пилешко од тегличка и риба. И потоа ќе почнам со млечни и житни каши за вечера. Туку што давате друго од зеленчук? Дадов морков, цвекло, брокула, компир, батат, карфиол, пашканат во каша, тиква. Не знам што може друго. Авокадо од кога можеше? Се мислам ориз да земам плус. Ставам јас и маслиново масло.
И вечера препорачуваат таму да воведеш сега? Тука месо некои препорачуваат 7+ некои 8+.Од зеленчук давам исторо и тиквичка имам воведено , од вчера почнав и кромид. Планирам следно блитва и спанаќ Можеш авокадо, мене меѓу првите ми беше. Ориз земи, палента, просо, јас тие ги вртев, сега земав гриз и овесни. Можеш и киноа и амарант ама јас тоа не сум давала ни со син ми ни сега.
После ручекот. Да воведам месо и риба и ќе давам. Авокадото со што го даваш, само авокадо ли? И свежо нели?
Jas zedov od Dr. Oetker palenta i ka jadi. Mu ja pram i so zelencuk i so ovosje,ama najcesto so zelencuk ili pa so kiselo mleko i zolcka (ja obozava ovaa kombinacija)
Кои бисквити ги давате освен BisKids? Некако скапи ми се искрено, 200 денари за 12 бисквити, скоро секој ден по 2 за ужинка јаде, плус ако и дадам за вечера со млеко Имам 2,3 пакетчиња Лино за Нова година што и донесоа ама имаат шеќер. Тие цицибебе исто гледам со шеќер се, плазмата да не правам муабет. Или рецепт некој проверен да и направам дома ако знаете Едит: Тие чоколино, кексолино ги давате после годинка или кога?
Ло Бело од ДМ му давав на синко јас . И хипп мислам дека имаа повеќе , провери Кои се овие бискидс? Јас најчесто лобело земав за син ми , овие нови се изгледа