Ние стартувавме со по некое лажиче. Денес морков, мислам дека го бендиса си шлапкаше задоволно. Утре ќе дадам повеќе. Прашањето ми е кога да почнам со цел оброк, на колку воведени вкусови? Пример да измешам две намирници ко ќе имаме и која количина би дала? Се заборавив од првото. И ако воведам нов вкус пример круша, а имам воведено морков и јаболко, после крушата да продолжам истиот ден со кашичка од нив или само 2-3 лажички од новото? Ако ме разбравте што сакам да прашам
Здраво. Ве молам колку мл каша треба да изеде синко за да се смета дека има оброк еден? Од 26 Декември почнавме со вкусови(5 месеци беше), а од понеделникот давам по 120-150мл каша (6 месеци е). Денес ми плачеше на крај сакаше уште (јаболко, круша и ориз имаше денес) Незнам да не му е малку ова ☹️ Му дадов водичка и се смири. На мајчино млеко сме ама е преактивен и педијатарот ми рече до 6 месеци да му воведам оброк зошто ќе ми се врати да цица како новороденче. На контрола сме за 10 дена.
Дадов банана само и ја изеде цела. А плаче од брокулата. И сега? Утре карфиол има да јаде Јас не пазам на количина, колку јаде, толку. Само да јаде. Трауми од прво дете нејадач
Те разбрав Јас почекав да воведам житарка па да комбинирам за доручек. А за син ми се сеќавам штом воведов јаболче и круша знам први ми беа, веднаш почнав со доручек. Мери во мала хипп тегличка , оброк од 125-190 гр. Кога ќе изеде 125 се смета дека е воведен оброк. Нова намирница ставам во вече воведено. Пример во јаболката и крушата ќе додадам сосем малку морковче . Ако се јави реакција , ќе знам од морковчето е И со син ми така правев и сега исто терам. Нова намирница ми рече др. до 13-14 ч. подоцна да не воведувам. @JuLleE браво. Да не ја фати запек сега И јас не бројам ама пошто мојава е манекенка , мерката и е мало тегле плус 5,6 лажички од нутрибулетот Нека си јаде дете
А од маркет таа што ја има смее ли? Јас не гледам колку лажички и давам за нови вкусови колку сака толку нека јаде, само што не ми јаде многу. Цело тегличе да изеде не верувам. Денес и дадов батат и морковче изеде неколку лажички и толку.
Јас не знам дали некогаш ќе успеам да воведам оброк , вчера и дадов тиквичка и морков , ја слапа скоро цела тегличка , денес и дадов јаболка и банана едвај неколку лажички на крај ми ја бутна лажицата од рака , никако не сака ни јаболко ни банана и толку не и дадов ништо друго... кога не сака така да понудам друга кашичка или ? Како од марс падната сум
Па се консултирав со педијатар а и околу мене други мајки ја даваат истата..така да нема проблем мислам
Јас купив органска од Belina. https://www.bellina.mk/p/2193/urtekram-palenta-450-gr И ја користам само за малата. Готовам по 2 супени лажици и така зготвена со овошје/зеленчук во нутрибулет.
Мајки на првото синче не давав сок воопшто и ден денес не пие, не сака ни овошје ни зеленчук],а пак смути да проба чувај боже.Бебево сакам да го научам да пие сок и смути, ама како, да дадам сокчиња на старт место каши или паралелно, сакам да почнам и прво со зеленчук па после овошје.Читав неколку страни наназад дека на доени бебиња правите каши со ад, зошто? Јас на поголемото синче купував млечни каши на хип, тие во нив содржат млеко во прав ги правев само со вода, давав и чоколино тоа без шекер и едно рижолино мислам беше со вкус на ванила тоа го сакаше баш, сите ги правев со вода.И какво шише да му купам незнам, до сега не сум дала никакво.
Ло бело се исто со шеќер, мене ми се поблаги и од обичниве ние што ги јадеме. Види да не има акција во ДМ на Бискидс јас ко да ги земав по 160 ден прошла недела. Еве гледам, сега им се тие со банана на акција.
Земав на babylove, некои со јаболче 125гр околу 70 денари. Е сега пишува над годинка дека се, ама не ми менува бидејќи јас не давам само шеќер, сол и мед, така да ако ги јаде ќе тераме со овие
Тие се малку тврди, јас ги отварам некое време пред да ги дадам за да омекнат. Убави се. Имаа и некоја лимитирана серија со други форми околу нова година.
Мајки за 2 недели почнуваме со вкусови па разгледувам од каде да купувам намирници. Во странство сум и немам услови домашно одгледувани да давам. Се мислам меѓу био и обични продукти. Купечко какви купувате? Има некоја врска тоа што се био или само маркетинг е? Некако јас многу не верувам во тоа…
И јас мислам дека е маркетинг. За месо гледам да е асално домашно а за другиве работи нешто био нешто обично, како ќе се погоди