Не знам што овошки да давам од оние кои веќе ги проба како вкус па сега сме веќе на прв оброк - овошја микс едно две до три. Цело Ск го поминав, нема кајсии и праски... Нешто имав замрзнато, се изеде. Па така од сега си мислам за преку пролет и лето да замрзнам карфиол, тиква и праз. Би ми се нашле? Ги давате во каши во втор оброк со месо??
Исто за кајсиите и праските, а праски обожаваше. Кајсии имам уште. Сега купувам чиста кашичка на хип од праска па мешам со житарка и со друго овошје. Праз, карфиол може да си замрзнеш. Јас обавезно давам во месен оброк.
Палента со што можам да комбинирам? 6 месеци сме. Исто ориз, батат со што да комбинирам? Немам некои идеи. И имам правено батат и морковче други комбинации не ми текнуваат.
Да. Праз не се замрзнува. И не сум давала до сега, не сака ни да го проба мојов. Јас би ти предложила да користиш сезонско овошје и зеленчук за на лето. Баш тогаш ги има во изобилие, пиперки, патлиџани, тиквици, цреши, јагоди, праски, кајсии. Зошто од сега да замрзнуваш? Сега можеш да даваш тиква, јаболко, круша, и можеш да почнеш со зеченчук ако не сте почнале. Со месо за почеток комбинирав грашок, морков, компир, батат, брокула, пашканат. Палента со јаболко, круша, натаму со павлака/кисело млеко (7м) + јајце кога ќе воведеш. Гризот исто со јаболко или круша. Ориз со спанаќ или блитва +к млеко. Исто и моркови, пашканат, грашок можеш да ставиш. Батат ич не памтам како го комбинирав.
Јас имам друга недоумица. Ама како се сеќавам и со првото дете беше исто. Имено, бебево 10 месеци јаде само блендирано. Просо, овесни, ориз, бисквита не блендирам може да поминат, ама оди дади му поголемко парче храна. Секундарно повраќа во млаз. Лепче јаде, но како врапче, ситни тровчиња. Бисквита гризе сам, нема проблем. Пробав јаболко, се удави. Мандарина јаде исто ситни парчиња. И се тоа од моја рака дадено, он никако не фаќа храна. Се прашувам кога ќе почне да прифаќа парчиња. Имало ли некое како моево бебе да се утешам?
Според мене за мало бебе кое допрва почнува со цврста храна, био овошје и зеленчук е секако подобра опција. Плус живееш во странство, така што не верувам дека таму био е само маркетинг, туку е нешто што строго се контролира. Имунитетот на бебето се гради најмногу во првите години во животот, а правилната исхрана има огромен удел во тоа. Така што ако имаш можност да најдеш био купувај такво, а ако не ќе купиш што ти е достапно затоа што бебе секако мора да јаде, но затоа се и препораките за мало бебе задолжително да се лупи и обарува зеленчукот и овошјето (овде не мислам на јужното овошје нормално).
Палента дури воведам кисело млеко,јогурт давам со овошје. Обично круша, јаболче, а сум давала и со авокадо. Имам домашни компоти и од праска и дуња , во блендер ставам од сокот и бебе ја обожава. Батат обично со тиквичка и карфиол, тиквичка и брокула. ориз…. ориз со се Дури воведеме ручек , давав ориз со овошје за доручек @macalavica јас нудам сокче , паралелно, не почнав со сокови, ама не ги сака, иста е ко брат и Телешко од каде купувате?
И во странство има пазари каде што може да купиш домашно или изгуглај во близина каде има фарми и сл. обично имаат и мини продавнички/онлајн или можеш директно кај нив да одиш. По селата имаат куќите и автомати по патиштата каде што можеш исто да купиш. Јас така купував јајца и месо, во сезоната и јагоди, компир, домати и слично.
@eli25 телешко од Тинекс,проверено ми е, вторник и петок носат пресно, baby beef. И продавачките се фини, кога ќе им кажеш дека е за бебе, веднаш ми даваат пресно, убаво парче.Јас и за големиот земав исто од Тинекс, сега и за бебе, со тоа што тогаш земав 1кг сега 0.5кг за истите пари Ама моево бебе месар голем е, од парченце банана може да се удави, ама конците од месо воопшто не му сметаат така да не штедам кога се децава во прашање.