А кога почнавте со месо? Жолчка кога се воведува сега? За големиот мислам кон 8ми месец, ама гледам сега порано се дава се. И за глутен исто гледам нови препораки, со што воведовте и кога?
Не мора да значи. И екслкузивно доење можее да биде 4, 5 месеци. Ексклузивнп значи дека освен мајчино млеко, не даваш ништо друго на бебе. Е сега кога ќе почнеш со вкусови ти одлучуваш во консултација со педијатар. @kristina.k месо после 7ми месец дадов, знаеш по малку првите пати. Пилешко домашно, зајачко и телешко му дадов. Жолчка закаснив, немав домашни јајца, дадов после 8 месеци. Глутен со корка лепче ама се погоди да добиеме на поклон кашичка во која имаше пченични снегулки, бебе маф ја направи и така воведов.
Бебе има 5 ипол месеци, вкусови сега давам. Проба јаболко, морков, тиквичка, цвекло. Житарки треба исто како вкусови да ги воведувам сега, или после 6ти месец кога ќе почне повеќе да јаде? Месо од 6ти месец исто? Искрено врска немам ни препораки кај да гледам, ако имате некое линкче пуштете.
Можеш и безглутенски житарки да даваш.месо после 8 ми месец. Јас обично се водам по бебе готвач.симни си апликација
Можеш житарка+овошје за доручек да почнеш (ориз, просо, палента, киноа…) Месо јас планирам сега накај 7ипол да воведам, 8 жолчка
Суви сливи од кои земате? За синко земав од зегин , ама сега неможам да ги најдам истите …. Бебе ја обожава кашичката со слива , па да и ставам по 2,3 за доручек
А од кашичките готови може ли? Бидејќи сега овошни каши готови ги купувам се друго сама готвам. Како ја правиш палентата? Просо 3 дена се воведува или? Морков, карфиол замрзнувате ли за следно користење свежо не приготвено?
Да, просо исто се воведува 3 дена. Морков се чисти, се сече на парчиња и се замрзнува. Карфиолот исто како брокулата прво треба да се бланшира, па потоа да се замрзне.
Овде не најдов во ДМ ориз и зедов на Милупа млечна ориз. Може од нејзе да додадам во зеленчукот? Зедов и каша со пилешко месо и црно оризово брашно на ДМ био. Оти домашно пилешко немам? И просо имам био од ДМ, немаше посебно за бебе нели? Инаку јас купивам овде од пазар, си пишува дека се од фарми. Само брокула зимам био од маркет оти не можам да ја начекам никако.
Да јас на почеток давав од готови. Извади си дел за проба, другото во фриз. 3 дена може да стои. Можеш да си земеш пченкарни снегулки на хипп за почеток да ти е полесно ма да и палентата брзо се вари. На 100 мл вода ставам 1 и пол гол. лажичка палента @JuLleE да може тоа просо и ориз , јас на ќерка ми оризот со млеко и го правам по совет на матичната. Пилешко се сеќавам и за син ми давав готово на холле @Maca Macka ако имаш дома сликни ми да го пратам маж @TinnaMinna после година на син ми дадов , ова пред 5 години , заедно со цитрусни мислам одеа подоцна