Ставам, денес и пашканат ставив, купив од пазар. Еве што имам од Милупа, син ми се исфрлаше од овие и затоа не сакав недела, утре се мислам да и дадам
Зошто се мислиш? И јас давам од овие, мојата неможе да дочека и нонстоп пишти дури спремам јадење, кај ми е крајот ако и го варам оризот Дека е со млеко се мислиш? Јас пишав погоре дека и додавам АД , во тие каши што се без млеко И ќерче го сака оризот и чист дури го спремам со неа во раце се пружа накај него па си лапнува неколку лажички дури биде останатото Другото само пасирам и мешам со оризот
Од млекото, оти синко имаше реакција. Ама излезе дека е нетолерантен на лактоза. Тоа е генетски и заради тоа се плашам. Утре ќе и направам и ќе дадам само од нејзе. И се мислам да и дадам глутен веќе. Мора да видам дали ќе има реакција. Кај имаше глутен? Кои житарици ги давате први? Гриз нели?
Јас имам пченични и ржани снегулки на БиоНатура. Ги зедов од локален маркет. Многу се убави. Ги ставам неколку минутки со овошје да омекнат во вода, и блендирам. Бебе ги сака, особено пченичните.
Јас за една недела почнувам со вусови. Со зеленчук, овошје од 6 месец ќе давам. Е сега јас немам ни блендер, ни сецко ни ништо што е попрактично да земам? И од кој месец ги ставате во стол за хранење?
Јас не купив ништо, со вилшука пасирав. Благодарение на тоа најверојатно, никогаш немав проблем да се дави од храна и да нејќе нормална храна да јаде, да бара каши само. Од 5 мес почна со храна ќерка ми, од тогаш во столче навалено ја ставав.
Во хранилка почнав да ги ставам кога почнаа со вкусови. Блендер имам ама не фаќа мали количини, рачен блендер искористив 3-4 пати за месо за првото дете. Пасирав цело време со вилушка, а почнав да давам парчиња кога почнаа да седат стабилно.
Од кога почнавме со вкусови , ортопедот ни рече за јадење на подисправена позиција да биде , после додека да спадне храната да ја поднавалам малку и супер сме , сака да седи во хранилка
Фала ви ептен за советите и споделените искуства, полесно ми е кога знам дека не сум само јас во ваква ситуација Пробав дел од советите и еве скоро месец покасно нема подобрување. Госпоѓицата не сака ни лепче, ни смоки, ни ништо сама. ќе продолжам да ја нудам па ќе видиме што ќе биде
Епа welcome to the club. Дојди да те гушнам Еве месец подоцна, преска и ставив бисквита у рака ме гледаше ко да сум од Марс падната "дали ти мислиш дека јас сама ќе јадам???"
Имам и јас дома еден господин таков од 10 месеци. Мојов може и појак е, само од мои раце јаде и понекогаш брат му ако му покаже некое глуповче, од никој друг.