Ние почнавме со вкусови. Арно ама барем да сакаше да јаде. Првите неколку пати јадеше по неколку лажички. Откако ја проба бананата значи воопшто не и се допадна, уста не отвара. И сега после тоа веќе на ништо уста не отвара. А баш мислев бананата ќе ја сака блага пошто е. Единствено кајсија сакаше. И Тиква не ама изеде малце а банана воопшто не. Вака тешко дека ќе воведам оброк. Ај се тешам можеби зеленчук дека ќе сака.
Здраво мајки. Ние почнавме со вкусови, па дакав да прашам дали има врска помеѓу печен или варен зеленчук/овошје? Бебе повеќе сака печени работи, а и варените не ми се пасираат скроз, остануваат парченца како семка од грозје. Кашичките мора да се скроз мазни така? Исто така дали ако денес и приготвам кашичка од печена круша, дали може остатокот да го ставам во фрижидер и да и го дадам другиот ден?
И мојата банана не сака , и јаболка , ама затоа тиквичка и морков ја изеде , јас паралелно и воведувам овошје и зеленчук
И јас повеќе практикувам печено оти бебо такви ги јаде повеќе.мислам дека хранливите состојки повеќе остануваат со печење. Можеш да дадеш печено други ден!
Може печени, дури и подобро е. Не мора да се пасирани целосно, ако така ти прифаќа бебето подобро ќе се навикне на парчиња. Некои со цели парчиња почнуваат на почеток. За почеток не е препорачливо да даваш храна приготвена од претходниот ден, секој ден треба да биде свежо приготвена.
@eli25 од вчера кашата од Милупа, со вода ја правеш како што пишува на кутијата? Или со АД? Јас зедов рачен блендер и супер е. Бебка не сакаше пасирано, се давеше, плачеше и не јадеше. Вака си јаде за мерак. Ќе научи и неблендирано да јаде, не е страшно. Само да јаде.
Мислев со ова бебе да си олеснам и да не готвам само дома ко за големиот ама купечките не ми ги сака, а домашно ко ќе направам бара уште дали имате заприметено дека овошните кашички од Хип и Холе се кисели? Не знам какви да земам за ко ќе немам време, Нутрино биле вкусни, имате пробано од нив?
Читам што сум пишала, од прибор сум се откажала. Кај нас пресврт имаше со приборот овие 2-3 недели, без виљушка веќе не јаде, не успева да набоде секогаш успешно, па ќе и боцнам јас и го каснува. А координацијата рака уста како и е, си принесува ли работи до уста? Да не и е тешко да ја погоди устата па затоа сака да ја раниш.
Ние почнавме вчера со вкусови,прво со јаболче ама неможам да му дадам 2-3 лажички бара уште. Лапач е од кога се роди
Дадов од кашата, млечна и бебе имаше веднаш пролив. Вчера какаше од зеленчуковата, ама ова сега баш водено. Историја имаме, синко е нетолерантен на лактоза. Ама има пиено АД и 1 и 2 и немаше реакција ваква. Да дадам и утре па да следам.
Да, Нутрино се далеку повкусни од хип. Моево ги обожава шмукалчињата и тие со јаболко и бисквита, банана и бисквита, житарици... Само не знам дали кај нас во градов е тоа, нема голем избор, или Нутрино воопшто немаат избо, што не верувам. Пр.немам видено чиста праска, кајсија... Исто добивме од Стокомак кашички, ама не се сеќавам која фирма беа, многу свежо делуваа, вкусни. Мојов и на Фрутек ги лапка. Сите поклони ги мафна, само кутии немам отворено и не планирам да дадам како Кексолино, фрутолино...Не дадов и на брат му. И зеленчукова нема пробано купечка, мене ми се одвратни, тој може ќе ги јаде
Баш истото го коментиравме со маж ми. Кашата од банана на хип колку беше кисела си реков да не е расипана. И сите каши и јас ги пробав до сега и сите кисели се. Ма да вториот ден и дадов банана дома пасирана па пак не ја сакаше.
Исто и мене ми се случи. Излезени бевме и и зедов од хип каша со телешко,морков ориз. Абе по миризбата знаев дека е кисела и не ја јаде,а домашна иста таква јади без проблем. Кои други ги имате пробано освен хип?
Големата ќерка од хип зеленчуковите каши воопшто не ги јадеше...силен мирис имаа и една не ја бендиса...само од холле и земав зеленчукови. Сега со второто само од холле и давам исто, не планирам од хип воопшто да земам.