Јас готова зимам на Бејбилов Био на ДМ. Два пати дадов до сега и јадеше. Ок се. На синко давав на Хип. Он ја сакаше таа ноќната со ванила и гриз. Само таа ја јадеше де. И тоа до скоро ја јадеше.
Мајки, гризот ви пишува ли дека е 12 + месеци? Овде стои така. Зедов помало пакување од оној со бебе што е. Всушност два вида бебешки зедов. И си стои 12 + и може да содржи траги од соја.
Денес почнуваме со млечни, малце каснам ама имавме стомачен вирус, па грипот едвај гла се крена. Му дадов изварка несолена е сега сакам да прашам како можи да ја комбинирам? И колку количински да му давам во оброк? Јаде околу 160 гр., исто и со трет оброк ќе почнам. Следно ќе дадам младо сирење од Олимпиус и ако може предлог за јогурт и к.м. ? Фала
И јас сега изварка сакам да дадам и незнам колку..а за јогурт и кисело млеко земам Алпско пошто 4% масленост е
Денес купив ориз, 2 каши од морков не можев да најдам од тиква и брокула ама ај дома ќе правам. Му купив и 2 гумирени лажици што реагират на жешка храна ја менуват бојата
Кога ќе ги воведеш житарките што се во состав на бисквитите. Оваа мислам дека е со глутенски житарки.
Ја има и на Hole, ама јас зедов само гриз. Денес ќе јаде. Не знам дали чист или мешано. АД ставате нели?
Овде не треба варење, инстант е, стоплив АД, ставив во садот со гриз и додадов малку банана. Не знам каква беше оти не можам да ја пробам, ама бебе се смееше и јадеше. Изеде пола и повеќе. Ако и смета глутенот сега ќе биде весело.
Да ве прашам кое АД млеко го користите за припрема на каши, ние сме на доење па ќе треба да земам некое само не знам какво?