Планирам да почнам со вкусови, бебе е 5 месеци, дали смеам да почнам на пример со варен морков, печена тиква, варен компир?Со син ми почнав прво со овошје па после не ми ги сакаше зеленчуковите.Може ли обични моркови ние што ги јадеме од маркет да дадам сварени или печени?тиква земав да печам за нас викендов па сакам и од тоа да му дадам прво да проба, значи би почнала со тиква печена, па после со морков, па со компир, па ориз.Исто јаболка давате ли од маркет, лупени па варени или печени?Банана пласирана.Готови каши сакам да дадам тоа што не е сезонско, слива кајсија праска.
Јас такви давам , ги варам , ама може и печено инаку паралелно давам јас и овошје и зеленчук , не знам дали така треба ама вчера и дадов слива , денес на пример дадов тиквичка и морков , утре планирам круша .... можеш да почнеш со што сакаш...
Јас значи можам веќе да дадам Јас добив препорака за накај 10 месеци, но со оглед што добив зелено светло за речиси се, лебче дома би и направила кога ќе почне со парчиња. Овде форсираат парчиња, сама да јадела, да сум и давала.
Вие што сте 5,6 месеци што вкусови имате воведено? И дсли имате воведено оброк. Јас уште не можам да и воведам оброк.
Оброк се рачуна цела кашичка? Ако да тогаш и немам уште воведено , зошто не сака цела да ја изеде јас воведов јаболка , круша , банана , тиква , тиквичка , компир, батат , морков, слива и праска до сега , инаку по два дена и воведувам. Само имаме мака сега , од вчера сабајле се нема искакано , само гасови има и се мачи , а вчера баш слива јадеше и очекував да се искака
Мене ми е без веза тоа давај прво зеленчук нема да го сака. Со син ми и ќерка ми почнав со овошје и двајцата јадат зеленчук. Дури ќерка ми го преферира . Си зависи од детето Можеш варено или печено. Јаболчето и крушата пример имаат посебен шмек печени . Зеленчукот на пареа .
И јас почнав со овошје, па бебе ручек со месо и зеленчук обожава. Туку, има некое друго бебе како моево? Ептен е хиперактивен, 5 мин не сака да седи во хранилка ако нема некоја занимација. Друга опција за јадење нема шанси да понудам. Пола каша ја јаде без проблем, е другата половина мора да биде занимаван со нешто, претежно песнички слуша. Знам дека воопшто не е добро тоа, пробав и без занимации, нема шанси да отвори уста, а знам дека е гладен. Ова бебе мислам дека ќе ми наплати и за брат му кој беше бубалка.
Па мене ми е нормално да се занимаваат со нешто бебиња се се ги интересира. Мојата само се тегне по нешто . или ако слушне глас да види кој е Исто почнува исполнително а за последните залчиња мора да се занимава. Најчесто пејам песнички што ги сака.
Имав интегрален од Диме , ама еве мајка ми жива радосна дека леб јадела одма замесила , полуинтегрален , само не ставај сол или мн. минимално , прстофат .
Воведувам по листа од матичната, зеленчуци вртиме уште, наредните 3 дена на ред ни е модриот патлиџан. Како го давате?
Сабајле дадов морков на бебе плукаше. Дали да повторам после пак или само еднаш треба во денот? 2 ден давам морков.
Овошје кога вовфдував давав 2 пати на ден, секој оброк за лажиче плус, така по 3 дена од вкус. ( Пр. Јаболко / 1 ден сабајлечки 2 лаж,доцна попладне 3 лсж, 2 ден сабајлечки 4 лсж, доцна попладне 5 лсж..), а за зеленчук еднаш дневно пред 15ч, но секој ден зголемувам малку количина по лажиче, исто и зеленчукот х 3 дена од вкус. Ова ми е кажано од матичната. Конкретно морковот,давав купечко.
Вчера сварив морков, денес купечки ама ми плука. Овошје не планирам да давам сега до дека не пробаме повеќе вкусови на зеленчук.