Здраво, ќе воведуваме вкусови утре/задутре и имам многу прашања. Се мислам дали како за почеток да земам купечки кашички или дома да правам (имам скоро се домашно, освен нели работи што не се во сезона). Ако земам купечки, ја земам од фрижидер и дали да извадам дел и да го оставам да дојде на собна температура па да го дадам, а остатокот да го вратам или како? И ако правам домашни, дали ако направам количински повеќе би стоело во фрижидер 3 дена или секој ден треба да правам тазе и дали на ист начин со затоплувањето по вадење од фрижидер? Се извинувам за глупите прашања, ама нема кој да прашам
Што имаш домашно, давај домашно. Јас давав сѐ сезонски, пример праска дадов дури летото на 10–11 месеци иако може од 6. За мало бебе секогаш подготвуваш свежо, непосредно пред оброк, никако од пред три дена. И готова каша не сум му давала од иста тегла два дена без разлика што пишува дека може (дел да извадиш, а остатокот во фрижидер за нареден ден).
Јас вадам од готова каша со чиста лажица и остатокот во фрижидер. Ако јаде директно од тегла треба да се фрли
Тоа што можеш домашно прави домашно, но не е погрешно да даваш и готови. Пред отвсрање не мораш да чуваш во фрижидер, после отвсрање да. Кога ќе ја извадиш можеш да ја стоплиш во сад со топла вода. Јас 2-3 пати дали сум затоплувала давам директно. Домашна приготвена не сум давала нареден ден, секој пат свежо зготвено. Инаку можеш, но мора да пастеризираш а тоа ми е комплицирано.
Мене бавно ми оди, не јаде по многу за да воведам оброк. А цица многу. Имам воведено морков, јаболко, круша, банана, слива и пченкарна каша, инстант од Хип. Утре брокула планирам, па ориз и ќе имам за комбинации повеќе.
Со рачен. Вода на почеток флаширана, после почнав од чешма. Додавав постепено од водата во која се варело овошјето/зеленчукот до посакувана густина, не многу, ќе видиш и сама ко ќе правиш, да не биде ептен течно, конзистенција како купечките.
Јас денес дадов брокула, т.е пробав да дадам, ќе се задавеше, многу му беше неубава од хип и не јадеше И кај мене малиот цица многу. По колку лажички даваш? И дали одма после тоа сака да цица? Јас на пример давам пола тегличка и после 15 минути сака да цица дечково, 5+ е.
Јас се спремам од утре да почнам здравје, денес купив каши, скоро од сите што се по еден вкус, само чист морков немаше, земав јаболко, банана, кајсија, слива, морков јаболко, тиква, брокула, јаболко тиква, круша,банана праска, ориз на хип, тиква за печење, па ке видиме со што ке почнеме, бебе вчера наполни 5 месеци.Планирав покасно ама па страв ми е да не несака да јаде поголем дека е само на цицање.Сонпрвпто почнав 1 недела пред 6 месеци ама ич не јадеше ни тогаш ни сега еве го 5 год направи.Купив и некапечко шише за вода со клунче. Ке видиме бебе дали ке ги сака.
Почнав колку што сака ама никогаш не изела повеќе од пола кашичка. И зависи што е некогаш само неколку лажички и почнува да плука. Исто и мојава одма бара да цица, а вода не сака многу.
Има ли некој проблем како нашиот и како го решил. Едното бебе веќе три дена ми протестира ќе касне две лажички каша и другото го чува во уста, значи буквално од три оброци тој 6 лажици ќе лапне, млеко многу малку пие 200-300 дневно (да пиеше па да се тешев) вака стварно е нервозно.
Сигурно е фаза Кај ќерка ми имаше протест пред да никне запчето , потоа продолжи по старо И тебе не ти се јаде секој ден исто
Мојава на почеток јадеше неколку лажички, сега и излегуваат двете горни единици и двете долни двојки и едвај успевам да и протнам некоја лажичка и тоа или и се згадува или го плука. Се тешам дека е до забите зошто веќе месец ипол пробува вкусови, 7 ипол месеци ќе е скоро, а сеуште нема ниту еден оброк. Во најсреќните денови едвај пола мало тегличе ќе изедеше. А тоа беше само 2 пати
Почнавме со тиква од хип, 4-5 лажички и почна нагон да добива за повраќање прекинав и се смири не поврати.Вода не му дадов, дадов да цица.после ке му дадам водичка да проба.
Да бидам искрена јас еднаш ја пробав кашичката од тиква на хип јас ќе повратев од тој вкус не камо ли бебе.нареден ден си купив тиква си испеков бебе цело парче го олапка
И јас купив тиква демек печена да дадам сакав ама страв ми беше, демек готовите каши се посигурни така ми кажа педијатар додека да се привикне мешето за вкусови да давам готови.
Не да се гадни кашичките , фала богу мојава не ги ни сака , денес и испеков круша , јаболко и тиква , уште бараше за прв пат