Имам една неотворена кутија Бебелан млеко од 0-6 месеци, купена ко се роди за секој случај. Како да го искористам за кашички? Дали може и за поголема ко ќе е ко ќе воведам млечен оброк да го чувам, без разлика на возраста?
Се искака? Ние мака мачиме со какање, последен пат какаше минатата недела, значи една недела веќе. Матичната ни кажа кашички од слива и тиква, слива јадеше пред 2 дена, цела тегличка изеде ама џабе, денес тиква јадеше па ќе видиме. Таа нешто ми кажуваше водичка блага 2 лажици шеќер во 100 мл вода ама не сум давала, шубе ми е што шеќер треба да дадам.
@shz да, денес два пати ама и сабајле ставив сок од слива во кашичката. Подобро свари суви сливи и давај од водата цело време, појаки се тие, наместо шеќер.
Да, можеш обични суви сливи, а има и поздрава варијанта во Зегин органски, за првото од таму купував.
Може ли од тиква да се јави алергиска реакција ларингит? Бебе беше настинато и предходно, кашлање ама демек во Петок беше подобар, во Сабота дадов тиква до вечер и температура ну варираше и гласот скроз му се фати еве и денес нема глас утре ке му направам к.слика и ле го однесам пак кај педијатар.
Температура ако имало не може да е од тиквата. Ларингитот е најчесто вирусен кај децата, од респираторни вируси. Ако е алергиски мислам дека нема температура.
Денес ми дојде патронажната за совети за воведување на храна. Да не давам од тегли каши туку свежи приготвени. Овошје да не давам до скоро 7 месец. Во зеленчуковите каши можам да ставам по малку маслиново. Леб од 10 месец. Млечно-житна каша од 6 месец. Јајце од 6 месец само жолчка, белка по 1 година. Мед, сол, шекер по една година. Риба по 6 месеци ( скуша, лосос, сардина, ослич) Кравје млеко по 1 година.
Можеш и понатаму да го искористиш, нема врска возраста. Инаку, ја правиш кашата погуста и во неа додаваш веќе приготвено ад млеко според упатството. Не вариш на ад млеко, ниту пак додаваш само прашок во кашата.