Бебе не сака банана, првпат и дадов сега само банана не сакаше имаше нагони за повраќање, со јаболка и дадов пак не сакаше. Со што да и дадам за да јаде банана?
Како го подготвувате оризот на холе? Јас со вода дека го правев. Ставив 80мл вода и 2 лажици ориз Ама многу течен ми изгледаше па додадов скоро уште една лажица. Мерев со дозерката од хип. Таа мислам 4 или 5гр имаше една лажица. Додадов и од кашата јаболко банана на хип. Не знам дали правилно го направив амс ќерка ми се изнајаде.
Ели јас два пати дадов со сега. Засега толку. Утре блитва, па после јајце ќе давам и риба. Цело јајце можеш одма. Така е според сите препораки. Од риба можеш и лосос.
Мајки јас последна со јадењево, вие гледам ептен сте отишле напред Мојава денес е 3 ден банана. Помина јаболче и го сакаше, круша несакаше да види, сега банана ја гледам дека ја сака отвара уста ама со јазик ми ја бута храната, уште не знае да ја прифати и голтне. После колку време се ставаат во ред со голтањево или премногу барам
На мојата и требаше околу 3 недели да го тргне јазичето и да сфати дека треба да јаде @velesanka нема откажување Јас не би чекала недели. Освен ако сте 4+ па ако имате време. На 5 и пол почнав јас имаше отпор, ама ме предупреду матичната и ми рече во текот на цел ден да нудам некаде до 13,14 ч.
Беше 4месеци и 3 недели. Многу плачеше и по совет на педијатар одложивме. Ќе пробаме пак на 5месеци и 2 недели. Во меѓувреме, ја учиме лажичата, му ја давам празна да си игра, да ја стави во уста, да не се плаши од неа
Мајки ние почнавме со вкусови, давам по три дена еден вкус, е сега прашање ми е житните на крај се даваат да се пробаат оброк кога ќе почне или како? Или и тоа по три дена само се дава? Ориз, просо, палента Тнх
По два дена ги давам јас. Пример вчера прв пат ориз дадов помала количина со слива и јаболко, не чист. Денес малку повеќе со круша и јаболко. Наредна недела ќе дадам со зеленчук.
И јас по два дена , за ориз се мислев да почнам , ама утре ќе ја вакцинирам па да не давам нов вкус овие неколку дена , не знаев како да го дадам , ми даде идеја
И јас денес ориз со круша-јаболко. исто јаделе бебушите. Ако воведам морков. Дома имам каша морков компир. И ако и ја дадам таа каша. Се смета дека сум вовела и компир? Или треба посебно компир да воведувам?
И ние сме назад. Не сте сами. Некако кога читам другиве кога успеаа толку многу да воведат. Или пак мене ми оди пребавно.
Да, можеш да воведуваш нови вкусови со комбинација со веќе воведени. Само нели треба да се внимава по една да е нова а не повеќе.
Освен со ориз. Со што можам да го искомбинирам морковот? Пример со некое овошје оди или не? Мене не ми оди вака на памет со ништо. Ама ете ќерка ми јадеше ориз со круша и јаболко и се допадна. Јас го пробав и не беше ич убаво. Ама таа го сака.
Значи директ можам со нешто веќе пробано иако е за две три лажици. Го имам оној на холе е сега мора со ад да се прави или може со вода или мајчино ако измолзам сега