Како ги давате вкусовите? До сега морков и тиква пробавме, денес тиквичка. Дали единечно по три дена давате или мешате со нешто веќе пробано? Вака не е фасцинирано многу, се дави, плука, се црвенее. А јаболко дадов да лизне, рацете ми ги зема до уста да шмука.
Можеш да измелеш овесни снегулки и сама да си направиш. Инаку во било кој поголем маркет можеш да најдеш овесно брашно, но имај на ум дека може да има горчлив вкус.
Месец и пол од вкусови немаше воведен оброк. Се прашував кај грешам, текстури, вкусови, комбинации милион во глава. Се дури од еден ден не почна да си го јади оброкот (по 50-60 грама на почетокот ја држеше сита). Сега веќе си јаде повеќе односно колку сака Нудев секој ден иако знаев дека ќе се фрли. Па поготово кога ќе слушнев некое друго бебе колку јаде па 2-3 оброци,ужини....
Na bebuski od 8meseci kasicka od riba i zelencuk im e omilena Kolku pati nedelno e dozvoleno da davam?
Смели овесни снегулки, овесното брашно горчи. Инаку бебка денес за вечера јадеше од Хип ноќната со гриз, банана и какао. Леле колку ја сака, убаво си јадеше, пола изеде. А за ручек јадеше цвекло, батат, морков и блитва. Денес на пример јадеш прв пат блитва и какао. Јас воведувам нова намирница со веќе воведени. Некаде околу 9 ти јануари почна со пробување, а веќе воведов и вечера. Овде се такви препораките, плус бебе сака да јаде. Имам воведено и глутен и млечни каши и житарици. Воведов и месо, телешко и пилешко. Неделава и риба ќе дадам. И јајце следно. Немам воведено овошје, освен банана. Одам пополека во однос на мајкиве овде. Бебе сака да јаде и јас нема да скратувам оти со синко така, волку лажици, толку грама и на крај ништо не јадеше. Сега зедов и јаболче и крушка кашички и ќе ги миксам со гриз, со овесни, палента. Јас друго сакам да прашам. Купив палента био од ДМ и пишува дека може да содржи траги од соја. Истото го пишува и на гризот оној со бебе. Дали внимавате на овие работи? Јас дека читам декларации ради глутенот за себе, па и за бебе читам. Каква палента давате? Еве и на оризот пишува траги од други јаткасти плодови.
@JuLleE Палента обична на Дивела последно сум зела. Гриз тој со бебе и јас го имам, ама еве никогаш не сум прочитала декларации. Во однос на воведувањето храна и оброк, вие во еден месец три оброци сте вовеле, според мене многу набрзо. Ама доколку нема бебка потешкотии со меше, столица, грчеви значи супер и е.
Сега воведувам втор, после речиси месец дена, и тоа според препораки. Немам трет, тоа после 1 месец одприлика ќе е.
Ти воведе доручек па вечера? И јас те разбрав три одеднаш Инаку, не читам декларации, на сите мислам мора да пишува нешто
Не, пишував, овде се воведува прво ручек па вечера. Појадокот е на крај. Почнуваш со ручек околу 12-13 часот за да се совпадне времто со ручек во градинка. Потоа имаш утринска ужина и некаде околу 10 месец е појадокот кој е лепче со намаз. Овошјето овде е ужина.
Тие што почнавте со пробување со наполнети 5 месеци кога воведовте втор оброк? Уште немаме ни прв целосен оброк, ама беше патронажна дојдена и дека е крупна мојата доста ми рече да и давам сабајле овошна со житарици, а поручек зеленчук, т.е ручек. Овие дена на саат, саат и пол цица, се мислам да не треба повеќе храна да давам.
Вчера дадов прв пат втор оброк, во мојот случај вечера. Отприлика после месец дена од кога почна со храна.
И ние исто немаме прв оброк. И не јс брзам. Искрено на почетокот се нервирав. Сега викам полека полека ќе пројаде. Може не е спремна. А и некако мака има со мешето откако почнавме со вкусови. Цел живот ќе јадат, а само сега цицаат.
Нема уште ниеден воведен оброк, едвај по лажичка, две ако лапне со плукање. Пред два дена почнав и јас насабајле да му правам овошна каша за ручек да му давам зеленчук. Се надевам во брзо време ќе почне да јаде
По 2 до 3 суви овошки во еден оброк. Двапати неделно се дава риба, трипати неделно месо, еден ден се дава жолчка или цело јајце (во зависност од тоа што е воведено) и еден ден е безмесен т.е. се дава само зеленчук за ручек.