И ние немаме оброк, две недели откако почнавме, четвртина каша нема изедено. Некни проба едно лажиче круша и ко ја запечати устата, си дреми така и крај. А водичка со сласт си пие. Со ова темпо ми се чини до 7 месец оброк ќе немаме. Туку да прашам едно глупо прашање, банана давате позелена или со точки? И ја пасирате само неа или додавате малце млекце?
Јас првиот пат готова каша и дадов не ја сакаше. Другиот ден испасирав позрела банана. И сосема малце шприцнав млеко мое внатре. Ама и така не ја сакаше. Проба еднаш и после ја запечати устата. Воопшто не ја сака бананата. А баш мислев ќе си ја јаде, дека блага.
Ние бананата не ја сакаме , два пати пробав , испасирана со малку тазе млекце не сакаше , планирам утре со круша или јаболка да пробам , печени па ќе видиме , јас зелена банана земав
За тиква никаде не сум прочитала дека помага во какање, ама не е и само сливата. Зрела банана, авокадо, маслиново, амарант...овие сите го потпомагаат какањето.
Со овошје, со зеленчук, со што сакаш. Пробај исто просо, банана и авокадо (можеш да додадеш и сирово какао, мрвици кокос...)
Не ми е јасно околу воведувањето храна и цицањето. Пример кога ќе се воведе појадок и ручек. Се кратат подои? Кога треба да цица? Колку подои ќе има? Сабајле прво цицање па појадок? Во колку да давам појадок во колку ручек? Пробано е рано не сака каша сака да цица. Кај 10,11 и давам каша за појадок. После кога да цица па во колку ручек да дадам?
Моево бебе не го сака инстант ноќните каши од кутии. Две отворив и само по едно лажиче проба и толку. Двете беа за растворање со вода така да во нив има адаптирано млеко. Идеи некој што да давам наместо нив, да правам каши со кравјо млеко? На доење е и има девет месеци.
Се кратат подоите да , всушност оброкот заменува подој , барем јас така мислам , односно кај нас е така ние стануваме околу 8 и 30 -9 , цица , после првата дремка и давам кашичка , е сега она ја лапа цела така да веќе и го рачунам како оброк , и после 2,30 - 3 h си цица пак. Мене не ми е јасно откако е воведен еден оброк , кога продолжуваме со пробување на нови вкусови , за време на вториот предвиден оброк или? И јас сум збунка цела