Јас денес дадов батат и морков, си го јадеше. Банана вчера и некни баш ја бендиса и приметив дека бебево мое нејќе мазни каши, сака испасирани со вилушка погусто со мали грутчиња, си џвака и лапка. Туку вчера и денес вакви кончиња и се појавија во каката, можно е од храната или пак да трчам на лекар? Од ко е родена со каките не можеме да се опрајме. Таман пожолтеа, сега ова... Спојлер
@TheGoldenPeach тие како конци на бананата што се ги какаат така. За ова сите сме паничеле мислам после воведување на банана.
@Tiny Love @kristina.k Фала мајки, ми олесна инаку мислам желудникот ми се згрчи ко видов. Веќе имам пратено и на педијатарката, само ја замарам нешто ама вие веќе ми олеснивте.
Ау да, ќерка ми јадеше ориз и грашок. Или се што јадеше мораше да има јаболко по препорака од членка тука зашо онака не јадеше. Пример телешко и јаболко јадеше
Јас пак заборавив дека зеленчуковите се топлат, така и давав и не ја сака. Денес шетавме и дадов готова каша, прво зедов на Хип месо, ориз и морков и не ја сака. Ја ставив во фрижидер, ваљда ок е, не ја ставив одма и го остранив горниот слој оти проба неколку лажички, а не бевме дома. Потоа и дадов крушка и цела ја изеде 125 гр. Значи овошните ги праве маф. Од зеленчукови сака цвекло. Значи се нервирам. Многу. Ем не давав овошје прво и еве ја, проба и не ги сака другите Утре за вечера се мислам палента со блитва да и дадам.
Зеленчуковите каши од хим мене ми имаат јак мирис а сигурно се и во вкус такви. Ќерка ми големата една не бендиса кога и давав. Пробај од холле, има разлика.
Ако најдам овде на Холле. Ама она и на домашните се мршти. А кога и дадам овошна, од радост на глас се смее.
Baby спанаќ, на почеток неколку ливчиња. Јас секогаш настрана го обарувам неколку минути да омекне, па го ставам со останатиот зеленчук.