За големиот купував од Веро на Виндија, свежо мисиркино, а има и мелено. Домашно не најдов, а ова ми го кажуваа како најдобро па ќе земам и сега ко ќе воведувам.
За големиот земав перутнина птуј , знам и во кам и веро имаше и сега планирам исто Инаку, дадов телешко матичната ми вика форсирај , од 7 дена 6 давај. Батали пилешко, мисиркино еднаш. Мене ова премногу ми е или дека е ситна затоа ми рече? За синко два пати или три давав телешко. И едно по друго ли ги воведовте месата? @Tiny Love тиква како да замрзнам? Ја сечам само на парчиња?
@eli25 скоро сите педијатри советуваат да се форсира месо, затоа што баш сега се во период кога најмногу ги трошат резервите кои ги складирале додека биле во утроба, па доаѓа до пад на параметрите во к.слика. Моето е со понизок хгб и препорака добив секој ден да јаде месо, еднаш жолчка. Давам телешко, домашно пилешко, зајачко, жолчка па пак вртам круг. Има подобрување ама споро оди.
Зошто да ги губи сите калориски вредности замрзнат? Батат имаш во секое време исто како обичниот компир. На ист начин и се чува, во сува и ладна просторија.
Мене не ми текна на мисиркино, а е подобра опција од пилешко. Даваш пилешко? Јас не можам свежо да најдам. Ели јас дадов месо, три пати и се собира во неделата. Значи неделава имавме 3 телешко, 2 риба, и обид за пилешко кое не го сака. Туку ми нагласија обавезно риба. Утре воведувам јајце. И јас не знам колку пати неделно да давам месо. Инаку денес и сварив гриз на Холле што е, ама со вода и додадов пола мала тегличка каша од круша. Со вода излезе подобра опцијата и бебе цела ја изеде. За ручек јадеше лосос, цвекло, батат и морков. И тоа цело го изеде.
Сеуште не, но најдов пилешко од подпелистерско село Дека вакциниран е срц, ми рекоа една недела нови вкусови да не пробува
Јас го оставам да стои, за наредно готвење го сечам делот кај што сум сечела претходно, го фрлам а другиот дел го готвам.
Женски Витаминиве и пробиотик им ги давате одма после проба на некој вкус или како гледам ми ги плука деновиве вајда и останува уште од кашата хах и тоа се комплет… и дали ако имате проблем со варење и грчење од вкусовиве им давате капки за грчеви или не за да им се навикнат цревцата на храната компиров баш проблем ни праи
Јас пак си давав нормално храна и вкусови кога прима вакцина. Не ми рекоа ништо. Јас само од каша ако сака, вака не давам. Мисиркино може на Перутнина да земам свежо.
И мене ме советуваше матичниот никако 3 дена пред вакцина и после неа исто 3 дена нов вкус, туку она што е веќе воведено само