Малите ни се родени во ист ден, кога ќе те прочитам мислам дека го уназадувам детево мое Ептен брзате таму или Македонија е застаната некаде? Едит: ќе почнам да те следам тебе изгледа
Јас пак, кога ги читам мајките овде што даваат, се осеќам како да го уназадувам детето Се даваат, по три оброка имаат бебињава и две ужини. И тоа 6 плус. 7 плус е пак деуга димензија. И путер од кикиритки и болоњезе сос се дава
Ми се слоши, сериозно претерале. Тоа е оптеретување на желудникот веќе. За кај толку брзање цел живот ќе јаде
Јас не брзам, мислам воведувам се, ама постепено, за разлика од овде. Трет оброк во 7 ми месец, кога ќе помине месец од вториот. Сега воведувам овошје и житарици, планирам и урда и јогурт. Друго ќе почека малку.
Мајки, до кога се дава адаптирано млеко на бебиња и кога истото се заменува со кравјо? (Комбинарано се на ад и мајчино). И какво кравјо би давале?
Да, кога нема свежи користам замрзнати. Замрзнатите можеш да ги ставиш на кратко во вода што врие. На почеток по 2-3 потоа зголемував.
Овошје и зеленчук воведовме скоро добро е јаде колку толку е се сега следно житарици со што прво да почнам? Овес ориз палента и кога им ги давате и накај 10 да речеме им нудите и покасно накај 1 пак од истото или? А тие хељда амарант од 7се воведуваат?