Зеленчук воопшто не сака, нерви искинав. Ми иде воопшто да не му нудам повеќе. Некој совет да пројаде? Ни со батат не сака
Моето највеќе ја јаде брокулата од готовата на хип што смрди јако јас кога правам брокула домашна не е фан
Мајки, кои се реакциите кои можат да се појават од храна? За промена во столицата, педијатарот ми напомена дека е нормално. Во кои случаи треба да се реагира и како?
Воведов денес жолчка, пола, прво нешто квичеше и не јадеше, ама сега изеде се. Дадов со тиквичка, бел морков, обичен морков и компир. Каква реакција да очекувам ако ја има? Утре сакам со цвекло, ама не знам колку оди комбинацијата. Ориз, цвекло, морков и јајце? Или блитва да ставам место цвекло?
Ја купив една на холе со ориз и една на хип само брокула , ако ги јаде топ , зошто и јас нешто не ја сакам
Пишувај почесто тука, па ќе презвемеме и ние некој совет Мене искрено тука некако пребавно ми оди ова воведувањето. Што би рекол Сајковски, детево 2ро одделение ќе биде ние уште ќе воведуваме намирници
Па така де, таман до второ одделение ќе се воведе се Кај јајце сум, сакам и просо и палента, ама да завршам утре со јајцето прво. Наредна недела ќе прави 7 месеци и ќе воведам урда/јогурт.