Јас давам доручек кога ќе стане, па после 3 саати отприлика млеко и после 3 саати ручек па млеко и пред спиење пак млеко (вечера немаме уште). Ако не изеде од оброкот доволно одма нудам млеко дополнително. Ова варира пола саат до саат зависи од дремките дента
Од Хофер мене оние што се по 6 во картонско пакување на кое пишува био ми се превкусни. Мислам дека се некоја подсорта на златен делишес (срцевидна им е формата и нормална големина се). Планирам и за бебе од истите да земам.
За јогурт и јас чекам барем наредната недела, се мислам оваа недела месо да внесам, тука некои викаат пилешко некои телешко прво се давало па на 100 ума сум И во мојава околина даваат скоро се па дури и да лижне што ќе стаса од јадењава наши, јас се држам некако построго и многу мразам кога ме брецкаат демек машко е дај му А син ми баш никогаш не гледа во маса што јадиме, ги научи телињата од кашичите и само на нив реагира.
Мајки дали може да дадам ориз од 5 месеци и нешто друго да ми предложите комбинација со зеленчук за ручек од 5+? Дур да стигне бебе готвач книгата си правам план
Можеш ориз, палента, просо, тиква, тиквичка, брокула,морков, компир, батат,јаболко,банана, авокадо, круша тоа е според листата што ја имам јас
На листата што сите ја постираат пишува од 4 до 6 месеци па не бев сигурна кои се пред 6ти месец. Тенксс супер избор има
И како што ми објасни педијатар, внимателно со компир и морков (мојот има проблематичен стомак, имам пишувано низ темите, дека уште го мачи) заради тоа што може да предизвика запек, и бананата да е позрела.
За морковот знам планирам прво слива да воведам па после морков за секој случај. А за компирот не знаев дека и тој прави запек
Компирот најлошо ми го поднесува. Како стар чичко го ркна надвор. Како пире за мерак го направив. Утре и морковче ќе му ставам. Зеленчуциве ич ич не ги сака. Не знам кога оброк ќе имаме
Јас го варам цело, кога ќе е готово многу лесно се лупи. Си сечам по потреба а остатокот го замрзнувам па кога ќе ми треба само вадам и во клуч вода да се одмрзне.