Најпопуларна комбинација, мојов нема да ја проба, ми напомена докторот, компир да воведам со др нешто, оти и компир и морков прават запек. У план ми е, компир и морков на крај да воведам
Со поголема маслена вредност. Јас земам Алпско. Моево не е голем љубител на кисело млеко, не знам зошто.
Компир со тиква комбинирам. @JuLleE воведе месо и како? Правиш пауза меѓу јајцето? Спанаќ кашичка од кога може?
@Freckles. Месо 7+ На почеток на воведување мала количина. Комбинирам буквално со се, со секој зеленчук, моево дете многу сака месо. Ако успеваше да се задави од ронка лепче, оние ,,конците,, од пилешко домашно кои се тегави си ги јаде без проблем. Јајце по шема. Прв пат по 1/4 еден ден даваш, пауза, па следен ден пак. Следна недела 1/2 еден ден, следниот пауза, па пак даваш. После продолжуваш со цела жолчка. По некои препораки, месо и јајце во ист ден не се даваат. Јас тоа го практикувам. Спанаќ околку 8ми месец, baby спанаќ. Прво по две-три ливчиња после наголемуваш.
Јас утре сакам да воведам компир, ама не знам како да комбинирам да не е толку тешко. Со батат може? Друго што можам да воведам не знам, 6 месеци за една недела е. Од овошје има пробано: јаболко, круша, слива, банана. Од зеленчук: морков, брокула, тиква, тиквица, батат. Житарици ориз и пченка. Што е следно?
Со батат не. Од воведените можеш со тиквица или брокула како што ти кажале. Инаку можеш да додадеш и млеко: АД или молзено, во компирот и ќе биде како пире.
Мајки од зеленчук имам воведено брокула, компир батат тиква морков сега планирам овошје ориз на хип може да воведам сега или да чекам да завршиме со овошјето па да му давам оброк за ручек со ориз цела сум изгубена денес му направив морков брокула и компир ич не ми јадеше може не беше гладен сабајле после еден саат од подој му дадов да пробам на ручек да давам може повеќе ќе јаде
Девојки, што давате за вечера? Бебето ми е 9 месеци, веќе месец дена јаде вечера, ама се само од готовите млечни каши на Хип му давам, од кутиите. Сакам да сменам, не знам што.
К.млеко +палента Јогурт+лепче Бисквита+АД Гриз +АД+банана+какао Овес со АД или јогурт Нешто со урда, палачинчиња некои
Воведов да, давав 2 дена со зеленчукови каши. На ист начин и риба. Јајце по пола дадов вчера, пола денес. Ама денес дадов со палента и блитва и не сакаше. Пилешко трет пат пробувам од готова каша и не го сака. Јас не правам паузи. Вчера читав прирачник и убаво стои, даваш се после 6 месеци од здрава храна. Денес купив некоја био урда од домашна фарма Утре ќе и дадам со палента. Купив и cottage cheese, а сакам и грчки јогурт да и дадам.
Колку сте сите понапредни, ние 7 месеци сме и тоа што и дадов порано на тоа останавме никако нешто ново да и воведам, планирам спанаќ и к млеко да и воведам, ниту втор оброк не сум почнала да и давам и тоа планирам да биде во скоро време.