Дадов битолско ама не го сакаше. Одвратно , кисело беше, се мрштеше. За син ми земав алпско и сега ќе купувам такво за неа ако го сака. Домашни јајца давам и ден денес на син ми , така планирам и со ќерче.
Еко био најдов овде, каде што кокошките пасат на еко фарми, слободно Грчки зедов јас, ама уште не сум дала.
Кисело млеко на Бучен Козјак го обожава. Домашни јајца ретко земам од баба ми. Гледам фарма Зрзе на инста продаваат домашни јајца од отворени пасишта, али не сум пробала.
И јас дадов битолско неколку пати. Повеќе од него него од лимон се киселеше. Не знам зошто. Јајца и јас домашни давам, роднина живее на село, чува неколку кокошки и собира јајца специјално за децава. Исто ни чува и петлиња.
Локални, не сум во Мк. Месо, риба, јајце, зеленчук речиси се, освен кромид, праз, зелка, мешунки. Од овошје само банана, круша и јаболка. Житарици, воведов глутен, ориз, овес, гриз, денес проба кус кус, палента. Потоа какао, маслиново масло домашно. Сега ќе воведам млечни производи како урда, грчки јогурт.
Здраво ние сме 6+ и почнавме со вкусови, сакам да ми дадете совет колку долго трае оваа фаза и како да почнам да давам оброк?
5++, втор пат успешен , почнавме денес, околу 10 часот му дадов круша. Не плачеше, не се тегнеше. Првиот пат беше 4+++ и сега гледам дека не бил спремен. Сега сам отвараше уста на лажичето.
Околу 7-8 месеци дадов, ама според нови препораки се може да се даде од старт. Јас давав по шема. Една недела 1/4, еден ден даваш, пауза, па следен ден пак даваш. Следна 1/2 и на крај цела жолчка. Можеш да ја даваш со зеленчук, палента, батат. За почеток стави помала количина од останатиот оброк, за да ја изеде цела.
Примавме вакцини,една в уста,една в рака и една в нога Што можам да му дадам да јаде нешто полесно? Изумив да ја прашам докторката
Јас давам по секој оброк плус 1 до 2 пати во ден. Повеќе од 50мл нема испиено во еден ден. Незнам дали треба и колку да се дава, ама давам од причина да се навикне на вода.