Нели е мало за месо? Знам дека нашиве се исти, матичниот листата што ми ја даде од 6+ е или може и сега?
Вие што давате пилешко од Холе, по колку грама ставате во каша од 190,200 грама? Урда имам дадено од таа во кам во чашка, сега зедов од Здравје, дали можам навечер да дадам или дека е друг производител да дадам сабајле да не има реакција? И дали може да се замрзни?
Јас дадов денес и супер прифати и утре ќе му дадам од истото. Дадов од готовите каши и на таа пишеше 4+
Месо не би дала повеќе од 40-50 гр на еден оброк. Нема врска производителот на урдата, а мислам дека не се замрзнува.
@NikaMakedonija @nevermet18 И те како се замрзнува урда, посебно ако купувате поголеми количини. Инаку се скиселува по некое време, дури загорчува Јас замрзнувам во кесички по 100г негде па одмрзнувам по потреба .
Здраво мајки. Ме интересира како воведовте млечни производи? Матичната ми спомна на пример во понеделник почнувам една лажичка, во вторник две… за до крај на неделата да внесам како за цел оброк млечен производ. Дали така внесувавте? Некако чудно ми звучеше.
Денес и спремав дома и не мерев обично мерев со празна тегла на хип 125гр. Денес не мерев ама ми излезе многу од готвеното и ќерка ми се го изеде. После викам да не претерав
Млеко е во топ алергени, со топ алергени убаво е така да се воведуваат, по малку и постепено да зголемиш. Не премалку да не го препознае телото протеинот, ама ни премногу за да не случајно се доведе до бурна алергиска реакција.
Мајки вчера почнавме со вкусови и бебе обожава да јаде Прашањето ми е смеам да дадам денес повеќе ако сака или до колку најмногу смеам? Вчера му дадов 3 лажички по малку на врвот само и како да сакаше уште
Телешко земам од кај Аце месарницата, кај ДМ маркетот, во понеделник му стигнува. 900 и нешто денари е. А пилешко немам најдено салам сеуште и давам само од холле готово.