И во Тинекс е толку кога зимав. Еден човек што најдов што си чува телиња и ги коле приватно ги 900 продава ама еднаш месечно коле и треба да се мрзне
Вчера за вечера и дадов палента со урда. Цела ја изеде, со мерак. Претходната вечер јас јадев леб со грчки јогурт и се потепа да проба. И дадов. Не се ни задави, туку почнува да џвака. И парче банана имам дадено, исто и крушка и јаболка, печени. Ама не го сака месото. Ќе пробам помала количина да ставам и да маскирам. Вчера имаше компир, морков, карфиол и ставив и батат и малку цвекло со месото за да јаде. Едвај јадеше. Сега и спремам лосос со просо, плус карфиол, бел морков, тиквичка. Да видеме што ќе каже госпоѓата на тоа. Јас приметив дека она јаде, ама одбира вкусови. Да ставам сол сигурна сум се ќе изеде.
Супер сте браво. Мојата телешко го јаде скроз раситнето, на кончиња , џвака , џвака, два саати го јаде Пробај штом прифаќа парчиња. Инаку и мојата бира. Прво лизнува од лажичката, ако и се допаѓа отвара усте , ако не -патент Мене матичната ми рече солен путер да и ставам на врв на нож од 6+ ама мене ми беше шубе и несолен ставам или маслинов. Многу зеленчуци си и измешала. Ти би ја јадела комбинацијата? Јас правам едноставно, пример батат и цвекло и телешко, компир, морков, кромид ; ориз+тиквичка…..
Ние сме 3 ден круша, сега за сега ми изгледа добро, јаде, но лажичка со храна не сака да земе, чиста лажичка за играње да, со храна не. Мал е? 5++ Мислев дека ќе сака да ја допре кашичката, но не, се лути ако е околу устата со каша, морам одма да го бришам. Нормално е?
Јас ги дојадувам Вкусни се многу. Како супа му иде со зеленчуци и дава убав вкус, како вагетата Стварно е вкусно, само сол фали. Јас се што давам прво пробам. Затоа и мака имам од глутенот сега. Туку денес направив многу и остана како цела тегличка од кашата, оти поводена е, а и јас осет немам, се мислам дали ќе стои до утре. Во фрижидер да ја ставам оладена? Има просо, лосос, тиквичка, карфиол и бел морков. И маслиново. Вие скалдирате ли?
Јаболка, круша, авокадо, банана, тиква, компир, морков, утре тиквичка ни е следно ќе ја комбинирам со морковче
Пред два дена бевме на контрола, бебето ми е анемично, од педијатар добив насоки да давам прво житарки, 3 дена ориз, па 3 дена палента па 3 дена просо, после да ги менувам во рок од 2 недели да стигнеме до 120г.Потоа истите житарки да ги нудам за вечера а во тие сабајле да воведуваме плус овошје.Така уште 2 недели.Па потоа да дадам зеленчук за ручек, ми рече може дирекно да давам комбинации дека зеленчукот не се воведува по 3 дена, само 2 недели да давам да се запознае и да стигне до 100 г па да воведам месо по 50 г секој втор ден.Значи за месец ипол треба 3 оброци да воведам. Млечни каши ми рече да не ну давам посебно не тие инстант со ад да не развиен алергија и за млечни производи дури после 8.5 месеци да одам пак на контрола па да видиме.Бебе е 5.5 месеци ама слабичко 6300г на долна граница му е тежината плус хб ни е 90 а цело време давам капки.
Незнам дали да дадам утре карфиол со оглед на тоа дека патронажната ми го спомна. А може ли да го замзнам па да одложам за понатаму? Јас од овошје само круша и јаболка имам дадено и тоа само по еден ден.
Мое лично мислење е дека карфиолот потешко се вари во стомак и би одела со него малку подоцна. Ова заради тоа што мојот има мака со мешето. Мене планот ми е следно да воведувам тиквица, па јаболко
Малку подоцна можеш да го внесеш карфиолот, потежок е тоа. Нешто лесно и давај сега. Ние сме 7 месеци и се уште карфиол и немам дадено.
И јас мислам дека не е слабичко, а ако е анемично тоа е друга приказна и ќе си следиш препораки од доктор. Мојот дури на 8 месеци ја дуплираше родилната килажа.
Распоредот ни е вака цица , ручекот е околу 14-15ч , цица малку во 17ч но мислам дека тој подој треба да го укинам бидејки после него повраќа веројатно е прејадена, вечера во 19:30(правам житарки со ад и малку овошје) заспива во 21ч. Цица навечер и во 24ч таа имаа 7 подои, што сметам дека се многу. Има 8++ Уште недела ќе и воведам и доручок ( во германија се оди по овој редослед ручек, вечера, доручек). Како е вашиот распоред? Сакам да и намалам со подои преку ноќ, но доколку не и дадам цицка плака и не се смирува. Каши јаде 100-150г , таа јаде колку и давам но потоа повраќа и затоа ја намалувам количината. Ве молам за совет