Мајки прашав, ама не добив одговор. Кашичката од денес, стои во фрижидер, домашна, да ја дадам ли утре? Има лосос, морков, карфиол, тиквичка, просо и маслиново масло. Затворена во тегличка си стои.
Ами купечките како стојат. Ќе ја пробам, ако не ќе варам друго. Утре имаме од сабајле карневал па затоа сакав да поминам брзо.
На бебиња (особено на почеток на дохрана) се дава само свежо приготвена храна. Јас не би дала кашичка која е подготвена претходниот ден.
Не. Ако му дадеш сокче, постои голема веројатност дека после него нема да има апетит за кашичка/млеко. До сега сигурно повеќе од 10тина сокчиња има добиено, јас си ги пијам.
Не би ти предложила да даваш само авокадо. Многу заситува, нема да може количински мн да изеде. Едит: 1 авокадо го делев можда на 8 дела, не памтам точно ама тука некаде. Еден дел ќе искористам, друго мрзнам. Исто и со ориз му имам давано.
Јас денес прв пат и Воведов авокадо пола и го дадов го изеде во комбинација со кајсија и банана. Утре планирам другата половина да и ја дадам. Да не не треба толку да и давам или нема никаков проблем?
Матичната ми кажа во овошната каша за доручек да воведам просо, овес (1 лажичка) или бисквити. ДМ утрово не беше отворено кога можев да пазарам, земав на Холе овесна инстант. Воопшто не ги сакам овие инстант, мора во нешто да се раствори,или како вие користете, доколку некој користи ваков овес?