Јас вчера и завчера и мешав морков со круша и јаболка се направи партали од какање, денес само морков абер нема
Ве читам за морковот. Може прво да воведам слива, а после да ја давам со морков за да воведам морков? Оди оваа комбинација?
Воведов и белка. Јадеше денес компир, жолчка, четврт белка и спанаќ. За вечера сакав просо и слива, ама она не сакаше. Јас вечерав палачинки од овес, спанаќ, урда и јајце, со малку сол и пециво и она се тепаше буквално да и дадам. И дадов и јадеше. Ама ме фати шубе дека има сол и пециво и само малку дадов. Не се задави. Утре се мислам да и испечам некоја палачинка, ама смрзната ми е бананата. Можеби со јајце, купив и јогурт, овесни снегулки. Сака парчиња. Јас сум изненадена. И лажичката ја зима да јаде.
Почнавте со јадење? Јас уште одложувам Имаме едно патување па планирам после тоа, 5 месеци ке биде Какви се препораките кај вас, мислам Швајцарија беше… Ако имаш листа сподели, јас ке ја прикачам од нашиот педијатар ама мислам е истата што се врти тука. Ја читам темава со денови и се спремам и пак не сум спремна
Почнавме да Ама сега бебе многу кашла па изгледа ќе паузираме, ќе се јавам после да прашам. Немам листа педијатар ми наброја некои работи да ги давам по 3 дена па кога ќе завршам со нив треба да закажам термин во “советувалиште за мајки” да ме упатат за понатаму. Прво зеленчуци па овошје рече. И после воведувам прво ручек, а продолжувам со вкусови во исто време како до сега
Во Србија кај што бев дел од една онлајн школа житарици препорачуваат прво Да не знаеш кој да слушаш. Ке ги споделам и тие, може ке му се најде на некој.
Сте давале вода во која се варело овошјето? Денес бевме на контрола, и педијатарот ми предложи кога ќе воведам јаболко да му дадам и од водата да пие
Леле! Хаос ми е главата со овие препораки и веќе не знам кој правец да го фатам. Се мислам да дадам житарици од 5ти месец, до тогаш само зеленчук и неколку овошки. Педијатар ми рече па јас сум била мајка и сигурно сум имала интуиција. Повеќе да се слушам себеси отколку другите И најбитно, да си го следам детето, ништо не било ниту погрешно ниту правилно. Wtf! А да ве прашам паузирате со вкусови поради кашлица? Педијатарот вели да си продолжам ако сака бебе да јаде, не морало да се паузира. Освен ако не сака, да не форсирам
Јас паузирав заради плачење и неприфаќање. Сега откако прифати давам секој ден, без разлика дали сме дома или на викенд, во ист период од утрото околу 10 часот му давам да проба.