Сакам утре прв пат ориз на холе да и дадам, можам со крушка да го измешам( тоа имам дома а воведена е) и како да си ја варам стандард и да ја измешам со веќе направен ориз?
Ако е позеленко остануваат, а ако е по зрело и меко не остануваат, знам зошто пред некој ден исто ми се погоди, едниот ден супер беше мазна каша се напраи, а следниот парчиња имаше Со позеленкото авокадо
Зрелото не остава парченца. Почувај го уште некое време ама пази, има 20 минути додека презрее Jk, ама стварно треба да го фатиш у моментот помеѓу зрело и презрело
Тагни ме за некој ден за потсетување, да не иде у канта Е ај сега идеја што да давам утре. Карфиол може на 4++? Или пак бананка, да го заблажам малку а
Ако не е ептен тврдо, дај го авокадото. Убаво со вилушка, или таков пасатор за пире правење или со блендер ако сакаш многу мазно. Ама со вилушка исто успешно мазно се пасира, ако не е камен тврдо авокадото (а такво не се ни јаде). Јас исто не чекам да омекне скроз, оти убаво кажа @LiquidLuna ,тенка е границата меѓу зрело и расипано Дај му бананка и авокадо
Тврдо е. Баш сега го расеков и ептен е како тиквица, на тоа ми текна прво за компарација. Ќе воведам сега банана па таман после со авокадо
Јас воведов батат со јаболче, уште утре и после крушка со банана ќе правам. Ми остана праска, авокадо и брокула, ориз, палента и просо. Праската може ли мешана да ја давам со јаболче? Бидејќи чиста нема, а и не и е сезона. И брокулата со што ја давате?
Јас од овошје само банана, јаболка, круша и слива даов. Авкоадо уште не сум, не знам со што искрено. Бебе едвај јаде. Денес купив пилешко ма Перутнина, пишува без антибиотик, сертифицирано некое. Морам да и мешам и правам комбинации. Слроз без идеи сум.
Да, но јас давам ручек и вечера. Чекам да помине еден месец па да воведам нов оброк. Следна недела некаде ќе има појадок.