80,90ml voda, i 3 lazici oriz (so dozerkata od ad mleko). Kjerka mi vaka mnogu go saka i si go krka onaka bash slatko.
Уфф немам дозерка од Ад колку гр е таа знаеш? Јас ставив 4 лажици мали во 120 мл вода и катастрофа испадна.
Јас правам од око, не се точни мерките што се на кутиите. Да не е прегусто, кашеста структура да дојде.
Мајки ориз со пилешко, давате инстант што е на Холле, или варете обичен? И додавате ли морков во секоја зеленчукова, конкретно со месо кога е?
По колку количински давате, вчера првпат дадов просо ама на бебе му се јаде, цело време зинува, му дадов сигурно 10 лажички. Се мислам да му давам и навечер некако му се јаде, и после јадење цица пак како да не јадел. Мн е активен и ваљда троши повеќе одошто цица. И Ние ако јадеме не гледа како гладно и мљацка, почнуваат коментари не му даваш на детето да јаде, џабе е на цицка кога е гладно. Почнувам да се нервирам.
Мајка какво просо користис, дали го киснеш од вечер и после го вариш? Кога се воведува просо дали се меша со веќе воведено овошје,зеленчик или чисто, и по колку лажици вариш кога се воведува првпат? Ние почнуваме со вкусови и прашалници милион во глава, се си мислам да не згрешам нешто..благодарам
@JuLleE дали прво даде месо или житарки? Патронажнава рече прво месо, 10 дена после воведување на прв зеленчук, не е тоа некако многу брзо? И по кој редослед даваше зеленчук? Глутен кога воведе? Вчера и ние почнавме со воведување вкусови, прво со тиква, па после планирам тиквица, па морков, компир, брокула, батат, измеѓу ќе правам комбинации со веќе воведени. Ќе терам по 3 дена секој нов зеленчук. Бебе од прва отварање уста, ко три дена да не јадел ништо, му дадов вчера десетина лажички, денес веќе пола тегличка ја изеде, сам од одма ја зема лажичката и сам си ставаше храна во уста Ми беше жал да му лимитирам само на неколку лажички. I guess I should consider myself lucky, сум родила гурманче се надевам ќе тера така со сѐ што ќе му дадам.
Јас купив од дм органско просо. Пола филџан за кафе го накиснав од вечер, утредента го сварив со 2 филџани вода во мултикукер под притисок на 4 минути. Од тоа му дадов и вчера и денес, го чувам во фрижидер,ке му дадам и утре, јас му го дадов чисто, сосема малку мое млекце му ставив за вкус и го блендирав со рачен блендер ама пак имаше текстура, не беше скроз мазно. Мене педијатар ми рече прво чисти житарки да давам па после овошје да воведувам во нив.
Мене па педијатар ми рече зеленчук се давало дирекно дека нема потреба да се воведува, овошје да воведувам и житарки а зеленчук да дадам дирекно, зеленчукот не бил алерген.
Сега и мајка ми ме искара за истото, зашто 10 лажички сум му дала, стомачето ќе му го оптеретам, малку требало, а тој буквално лажичето ми го тргаше од рака и си го ставаше самиот во уста а мене интересно ми беше да го гледам па се подзаборавиц ќе пазам од утре да не јаде премногу, сепак треба тек за месец да има цел оброк - ручек.
Не, за прв оброк, треба после месец од воведување вкусови да се стигне до целосен оброк (150 - 200г) што заменува еден млечен оброк, во овој случај тоа ќе биде ручек што содржи зеленчук, месо и некоја житарка. Ја тагнав Јуле зашто сме во иста држава, надвор од МК, овде препораките се да се воведе прво ручек, па вечера, па ужинка и на крај доручек. Од намирници прво се воведува зеленчук, а овошјето е при крај (пред млечните производи), а после зеленчук, месо и житарки.
Мислам дека дадов житарки, ама ден два беа разлика. Јас оти сум со целијакија прво воведов глутен. Така ми препорачаа. А и општо од 6 месеци даваш се, само мешунки покасно. За количината прашав и доктор рече колку јаде толку, не е страшно и повеќе. Искрено ја пазев само на топ алергени како јајце, млечните производи. Другите ден два ги воведував.