Камилица или нане. Може и обични овошни чаеви, ама општо за чаевите од филтер ќесички сум читала дека не се добри, и на моето не му давам освен чај од свежо нане.
Мајки бебе изеде цела мала тегличка банана и авокадо. Да го сметам за воведен оброк така? Да нудам млеко сега или не?
Што може да му биде? Ќе има потешкотии со стомачето или што да пратам сега? Плачеше за уште и така си ја изеде цела
Колку временски трае кај вас хранењето? Не сум мерела до сега, но некако ми е многу брзо. Дали внимавате на овој дел?
Офффф јас заглавив кај зеленчукот. Дадов морков, компир,тиква и сега сум блок! Што да дадам утре да проба? За неколку дена 7 месеци. Мислев уште 1-2 зеленчуци па да почнам оброк да воведувам со овес Ајде мами што сте понапред спанаќ се мислам ама со што данго комбинирам незнам Идеја некоја?
Користите ли кокосово масло ? Од кога почнавте да давате ? И какво? Во ова бебе готвачов скоро сите рецепти се со него
Zdravo majki Dali e dobro da se pocnuva ishrana kaj bebe 4 i pol meseci , so griz . Koj se podobri Hipp ili Holle?
Многу тешко оди ова исхранава значи ќе си пукнам. Цел месец се мачиме со вкусови, секое утро ентузијастички готвам разни комбинации за да оди сето в канта, одвај до пола тегле стасавме. Значи денес изеде пола тегле со сласт, си ждригна и запечати уста. Што ако ова и е доволно, што ако уште цел месец не стаса да изеде тегле? Како ќе знам кога официјално е воведено оброк, задолжително правило е ова со 100 грама минимум? Башка цица на саат ипол, некогаш и побрзо, бетер од новороденче. Палента со батат оди? И уште нешто да прашам, тиква насеков и замрзнав ама со лушпа, отпосле овде видов дека требало лупена. Не чини, да ја фрлам? И така, триста кривини ми фати муабетов али битно си се пожалив.