Моето цело време зинува, мислам дека уште незнае колку му е доста. Сабајле дадов третина каша од јаболко за првпат плус ориз од хип. Престанав да му давам му дадов вода после 3пати бљуцна и водата ја исповрати. И се вцрвенуваат во образи после јадење, мислев прво дека е од топло ладно минатите денови го шетав ама еве денес дома сме, после кашата црвени образи како да трчал. Дали е тоа алергија или топло му е? Не може на се да е алергичен, дадов до сега ориз, палента просо и јаболче денес.
Ти касно почна со воведување? Јас веќе трет ќе воведам, пет и пол месеци беше кога почнав. Веќе давај и месо, риба, почни со јајце, глутен исто. Подобро е топ алергените да се дадат додека е на доење бебето. Јас не користам за себе, ретко кога, имав читано дека воопшто не е здраво. Користам маслиново домашно. Или од репка овде препорачуваат. Туку, вчера сакав да дадам кајсија. Знаете јас овошје последно давам. И купив на Хип. Имаше како кора од горе. Ок е ? И пишува дека содржи шеќер. Тоа малку ме замисли и јас ставив во фрижидер. Јас од наредна недела почнувам и со појадок/утринска ужина. Тоа ќе е овошје и житарка. Кекс користете и кои? Имам домашна тарана, ситна, баба ми ја прати за нејзе, па се мислам и тоа да и сварам. Уф без идеи сум веќе.
@JuLleE почнав со полни 6, ама ти некако ептен брзо ми одиш @velesanka денес сме на брокула, следно е тиквица и здравје после некоја житарка овес или ориз па да почнам оброк да и воведувам
Имај на ум оризот ствара запек Ако немате проблем како нас супер, ние оти имаме па мора на се да пазам
Па јас почнав две недели пред да полни 6 месеци со пробување. Два дена ист вкус, после воведував нов со веќе воведен. Овде и препораките се такви да од 6 ти месец даваш се. Од воведување на оброк до оброк имам околу 1 месец. Мешунки не сум дала. Пиперка, домат немам воведено. Од овошје исто така имам само неколку вкуса.
Мислам нема проблем ако јаде ладна храна. Сум варела зеленчук, послс само притоплувам, блендам и бебе јаде. Моево не сака ладни каши, сака да му дуваш во лажичката, он да јаде
И јас исто знам од листата од матичниот, а во бебе готвач гледам месо се спомнува од 8+ искусни мајки како е правилно? За не цела недела полниме 6м и веќе таман ми дојде со пробувањето па оброк да почнам. Е сега кога ќе и дадам месо да проба дирекно да биде како цел оброк со зеленчук120-130 гр или пак треба да проба само тоа?
Бебе готвач се води вкусови да се почнат на 6+ и затоа месо е на 8+ заради тоа што се смета дека тогаш би се воведувал ручек. Мене матичниот така ми објасни кога прашував зошто некаде е 6+ или 8+. Месо се воведува , кога се воведува втор оброк, ручек.
Бебе готвач ќе видиш дека почнуваат со рецепти од 6+. Некои бебиња почнуваат на 4++, 5+ и слично. Ми ја сфаќаш поентата. Затоа е ставено месо покасно
Што значи ја сега ке воведам оброк т.е појадок зошто до сега така пробувавме вкусови, а месо тек од 7 м ќе може да и дадам кога ќе и воведам ручек или втор оброк? А кога да се почне со пробување ? У збунка сум
Бебе готвач брз основа на што е пишуван? Јас овде добив прирачник кога и што се воведува, ама одобрен од доктори педијатри. Бебе готвач мислам беше на две три мајки.
Да. Никогаш не сум се водела по него. Демек мајките истражувале и собирале искуства а ние прости незнаеме и немаме интернет Си ја имам фемина затоа Треба неделава да ја носам на петовалентна а сварив јајце да и дадам (жолчка денес). Има нешто врска? Некако бавно воведувам, со син ми терав школски. За ова @MissJD со гриз јас Директ оброк