Им ставате овошје во цуцла за овошје? И кога им давате? Пред/после каша? Имам цуцла не знам кога да му дадам
Мешај @velesanka давам кога ќе ми текне, најчесто кога сум во кујна да се занимава дури средувам садови или правам јадење .
Може И обичниот ориз и оној на хип што е кога го правам и блендирам со било што кашата водена ми станува како сокче. Вчера и дадов ориз и пилешко како џорба стана. Што да правам за да ми биде густа кашата Денес треба да и дадам спанаќ, ориз и морков.
Мајки, што давате за доручек, ручек, вечера и по колку ? Моето Бебе (10 месеци) да го оставиш цел ден ќе си јаде
Здраво на сите. Ве молам споделете какви калапи за мафини користите и од каде ги купувате? Денеска го фрлив третиот по ред. Двата беа црни тефлонски, едниот бел. Сите три по неколку користења почнаа да ми пуштаат сива боја на мафините од тефлонот. Имам пробано да ставам хартиени калапи внатре во нив но многу хартија ми останува на мафините.
Девојки оризот на холе пишува во рок од 3 недели да се употреби. Ама нема шанси да го потрошам за толку кратко време. Може да се користи после тоа или го фрлате??
Тука прочитав дека го користеле и дека така пишува за да се продава повеќе. Јас не знам колку време помина како и го давам на пола сум.
Јас запишав датум на кутијата и денеска се точно три недели. Па не знам дали можам да давам уште или да го фрлам.
Јас веќе фрлив кутијата био од ДМ ориз и овесни на Холе. Мн недомакински се осеќам ама тоа е тоа. Кај нас, доручек давам една или две овошки и житарки /бисквити (моментално сме на овесни и просо), а за ручек од утре стартувам микс зеленчук со месо (ги поминавме сите зеленчуци како и овошјата и сега микс, денес дадов некој микс со водичка од вареното телешко, ама утре и мевце ќе пуштам). Од следна недела и млечно ќе вметнам како к.млеко Купив доста зеленчук, измив средив и во ќесички наставав па само ќе вадам пред оброк, некако ми се виде практично.
Какви бисквити даваш? Без глутен? Видов едни во зегин заборавив како се викаа, а сакам да и земам за доручек со некоја каша изблендирани супер ќе биде.
Матичната ми ги предложи на хип, околу 150 ден се во Зегин, внатре се спакувани во неколку кесички. Ми кажа плазма имале доста шеќер, Џиџи бебе нз што и овие ми ги посочи. Е сега, јас си земав, си дадов, и отпосле си викам да видам декларација кога гледам со глутен... Тскада од тогаш уште еднаш дадов(иначе јас не ги блендирам, со рака ги кршам/дробам и после од овошјето попримуваат влага и се омекнува) и повеќе давам овес и просо. Грешка или не тоа е, малиот ми има скоро 7.5 месеци.