Добро утро Дали само моево дете се понаша ко лама кога јаде или и вашите? Рамно 7 месеци е, цел месец воведувам вкусови со надеж дека неделава ќе почне да јаде еден оброк, а таа пола и повеќе ми плука
Трпение спаение како викаат се у свое време баш една српска докторка слушав дека многу им вчјаело и местоположбата и тајминг и ако јаде некој друг ние а има некој дома и тој јаде она гледа бута нема гајле прашања кои ме мачат како правите со месото за бебе им го сечкате на мали парчиња па пакуваѕе замрзнувате по колку грама или цело па по потреба нз како е попрактично кажете вајда помалче сега да ее купи да не купувам многу ич неам осет колку телешко?
Давам уште некој ден плус, до 4 недели Ми нема логика ориз и овес да се дава само 3 недели За тие со млеко , фрлам
Мисиркино месо и грашак од кога може? Кашава ми ја подарија, она што пишува млеко во составот ме буни, може да ја дадам?
Мајки просо како да воведам со банана, јаболка, круша или тиква може? И колку да дадам неколку лажички дека е нов вкус или колку ќе сака бебо толку? И дали од вечерта да го покиснам ?
Мајки направив глупост. Имав авокадо кога го отворив беше многу тврдо и го чувсв така пресечено во фрижидер со најлонска фолија неколку денови. Вчера го извадив пск тврдо и го оставив нс собна температура со фолија. Сега го гледам омекнало малку и го излупив горниот и долниот дел ги фрлив само средината ја дадов на ќерка ми помешано со слива. Сега ми е на мисла да не и биде нешто да не погрешив. Јас го пробав не ми делуваше на расипано.
Јас денес дадов просо со тиква и круша ( не беше воодушевена ) од вечерта го покиснав , сабајле го измив и ставив да се вари 1:3 сооднос просо -вода , овошјето на пареа и после се заедно во блендер , со тоа што не го ставив цело просо ми излезе за пола зграда ставив една лажица од свареното
Јас планирам (а така правев и за големата) едно парче и го сецкам на неколку од по 50гр мевце и во замрзнувач, па по потреба вадам и варам па во блендер со зеленчукот
Исто и јас се мислам. Со млеко не ни имам веќе, и само проверувам во е банкарство кога сум купувала оти заборавам да запишам Се чудам што има да се расипе во нив. Инаку бебка вчера јадеше домашна тарана од баба ми, скроз ситна и прати и павлака. Леле која среќа, се караше за да јаде. Денес јадеше ориз, авокадо со банана и малку АД. Исто, пресреќна Е немаше вака да се смее на месо и риба И синко беше и остана фан на банана, тарана и палента. Мислам дека детево на банани порасна. Баш кога лежеше во болница за рота и му проверија калиум и имаше машала и залихи Ме прашаа по колку банани јаде на ден
Мајки, имам ориз од дм, го гледам таков како ситни снегулки. Многу ми личи на тие оризовите галети, моја претпоставка е дека обработката на оризот е иста како галетите, само е дополнително иситнет. За така можам галети без сол да земам и во нутри булет да ги направам снегулки. 6 пати поевтино му доаѓа... Што мислите?
Искрено немам сеуште земено и не би знаела да ти кажам, ама земав овесно снегулки на Холе и уште се чудам зошто ги платив 5 пати поскапо од оние што јас ги користам од стокомак. Гледам и оризот е таа цена од прилика, а за големата знам купував мелен ориз на Сончева долина и тогаш беше некои си 20 ден, сега нека е дупло ама секако повеќе се исплати него овие строго наменети за бебиња
Јас ќе користам се што користам и за нас. Ситни овесни снегулки од ДМ, просо ДМ, палента ДМ , ориз стандарден
Пак јас. Деновиве почнав и втор оброк да и давам. Ама почна многу да ми повраќа откако го воведов. Во 9/10 цица после во 11/12 прв оброк. 13/14 пак цица. И 15/16 втор оброк.(некогаш станува во 9,некогаш во 10). Дали не е спремна за втор оброк? Пошто повраќа. Може и е многу. А сака да цица. Се мислам деновиве да давам само еден оброк да видам како ќе биде. Што мислите?
Многу на блиску не се оброциве? Кај нас се вака: 9ч доручек,12ч млеко, 15ч ручек, 18ч млеко…. И тоа после доручекот некогаш и 4 часа е сит.
Некогаш од овошните купечки каши, некогаш од кутиите со житарки + банана или авокадо, палента, зависи.. скоро сме почнати, не сум баш уходана