Одолговлекувај некако фатете ред, гледај барем 3 часа да има размах од оброк до оброк. Како што го кажа распоредот ми се чини цел ден само јаде
И ние сме нешто слично со оброците ама мислам дека многу им се често , мојава не повраќа ама не сака да јаде ја гледам дека не и се јаде , да е гладна лапа и уште бара ....
Мајки бебе од вчера има запек. Веројатно од банана што давав до некни. Сливата гледам е 6+. Има некој давано од 4++? Кака со многу мачење и ептен тврдо и зеленкасто, како бомбица личи такво топче. И вчера и денес исто. Давам јаболка сега уште утре, па дали да прекинам со каша еден период да е само на млеко? Имате некој совет? Утре ќе прашам и педијатар ама и тука да видам што правите во ваков случај. Се мислам дали да дадам тиква, дали да прекинам скроз еден период додека да се искака убаво
Досега од житарки воведено просо и овесни, и бисквити. Матичната ми кажа може да давам од сите др житарки со глутен и без. Кои се тоа сите други??? Малиот ми има скоро 7.5 м
Мојава на саат ипол цица, максимум саат и 45 минути, арно шо цицањето трае 3-5 минути инаку цел ден само тоа ќе праеме. Јас не знам дали грешам негде или таа е такво дете, цица кратко, а почесто и така и е доволно. Никогаш немам од шише дадено и појма немам по колку цица. Еве и кашите, по пола тегле јаде и ждригнува, со ова темпо не знам како ќе стасаме до оброк. Од 5+ почнавме, еве е 6++, цел оброк нема.
Можеш и јаболко, или водата каде што се варело јаболкото. На мојот и тоа помага при запек. Или ако воопшто не може да се искака, тврдо му е мешето и плаче, тогаш чај бекутан му давам.
@Anturium давај му и водичка. И воведи тиква. Имам каша круша со спелта, ако дадам се смета дека сум вовела глутен? На тема доење - малиот стандард си цица пред спиење, еден час после каша му се фаќа...