Палента и гриз? Матичната ми пиша да воведав слободно веќе сите житарки со и без глутен, и млечни производи како јогурт, кисело млеко, и путерче 3 пати неделно. Како ги спремате житарките и што највеќе давате? Досега топ ни оди со просо и овес, бисквити 4 пати сум дала до сега
Во Зегин на бебевита земам голема тегличка чиста праска или слива, околу 70 ден е @velesanka @Alexandrite
Јас ручек нема никогаш да воведам. Зеленчук не сака, држи во уста, плука. Само правам,па фрлам. Што давате за ручек кај шест и пол месечни бебиња?
И мојата зеленчукот не го сака многу ама маскирам со благ компир. И големиот така јадеше. Или тиква. Потаму со кромид и лук како зачин по малку за вкус. Јас овие дена воведувам втор оброк како ручек, вчера јадеше тиквица и батат, со малку ориз од Хип, денес готова кашичка од Холе тиква, тиквица и компир. За доручек јади овошје со житарица.
Какво кисело млеко/павлака/ јогурт давате? Мене ми кажа матичната кравјо кисело млеко, земав алпско ама на опаковката ме пишува кравјо, дали се подразбира дека е кравјо???? Веќе му дадов а сега увидов
Зависи како станувате , ние богами поспиваме и се ми е некако касно , мора некако да почнам порано да и давам доручек , зошто кога ќе воведеме вечера ќе треба да ја будам за да вечера
Фала ти на одговор. Малиот прави 8м за 2 недели. Дали можам палента, и што следмо од житарки да давам за доручек, освен овес и просо? Мн житарки сте напишале, од каде да почнам не знам, и дали све без глутен да барам или? Матичната ми кажа да почнам и со глутен
Јас од 8 месеци се почнав да му давам освен цитруси,риба и белка Почни со палента,амарант,киноа..почни со безглутенските.