Можеш палента, можеш ориз, можеш пченичен гриз. Јас користам и микс од неколку житарки, мислам дека беа овес, јачмен, пченица и 'рж.
На хип или Холе? Ми текна сум ги видела, инстант се и со вода ли правиш? Пченичен гриз оној со бебето, и дали со млеко или вода тоа , и дали додавате овошје/кисело млеко/ јогурт/павлака?
Користев инстант од Хип. Ги правев со вода и после мешав со овошје. Сега користам микс од разни снегулки, го земам од ДМ.
Какви лажички за хранење користите, силиконски или од тие пластичните што пишува за 6+ месеци? Да напоменам ние имаме 4++
Млечно даваш а житарки не? Обратно требало Нејсе, помина. Сите житарки можеш да ги дадеш, почни со безглутенски, ориз, просо, палента, киноа ....
Користев прво од twist and shake, ама многу чудна форма се, а и не практични некако. После од Зегин имав земено претходно едни што менуваат боја па со тие, и сега со силиконска лажичка давам. Највеќе таа ја прифаќа.
Не знаев, денес прв пат дадов кисело млеко зошто бевме искочени и не ја сакаше купечката зеленчукова на Холе. Веќе 3 недели доручекот е овес или просо со овошје, ги поминав сите дадени зеленчуци и сега веќе е на оброк зеленчук со месо телешко оваа недела... Како треба, како вие правите ова житарки V.s млечно? Прво дете ми е и не знам...
Силиконска , од зегин , со мек врв , најефтината убави се и меки ама целите ми се офарбаа портокалови од "органската каша од морков "
Да направиме пауза со цврста храна. Вчера и денес е само на млеко и еве денес убаво се искака дури 3 пати, нормална кашеста кака конечно. По ова планирам подолга пауза да направам веројатно не му е спремно стомачето уште
Ние ќе правиме 7месеци. Ама деновиве има проблем она си кака редовно ама како пластелин а некогаш и како козиче топчиња. И давам слива,круша,тиква се можно за какање и пак исто е. Матичната денеска и го гледаше стомакот рече ок е и бил мек. Да и давам сок од слива. Ама мојава не пие ништо освен млеко. Ќе пробам во кашите да и ставам од сокот. Ако пак е исто и јас ќе направам пауза.
Здраво на сите. Ме интересира од кога давате свежа салата пример зелка конкретно и дали освен маслиново ставате друг зачин? За оцет се мислам дали и од кога може?
Овде ви доаѓа патронажна и ти објаснува како да почнеш со дохрана. Ова е особено корисно за мајки со први деца. И си има еден пристап. Насоките се тие. Исто ќе ти каже било кој педијатар. А не вака, да не знаеш што и како.
Педијатар ми рече нормално е да му се смени столицата и да не е веќе бебешка туку по да личи на нашата. И во ред е се додека не се мачи бебето. Моето се мачеше многу. Многу плачеше цел поцрвенуваше и се стегаше дури и тресење имаше. Ова го правеше на саат-два за да искака едно мало топче. И пак за саат-два исто, и ден и вечер. Очигледно беше дека му е болно многу. Ако кај твоето нема ваква мака и нема болка при какање, нормално е. Ќе се ставилизира со тек на време
Море изгледа мојата ќе остане без дневницата од мене, не ми се матка со термини пак. Плус ќе затопли сега, кој ќе седи дома патронажна да чека
Правен е муабетот знам ама неможам да најдам. Од кој овес и кое просо давате за почеток? Јас земав овес на Холе и дома гледам со глутен било. Искрено за големата кога воведував беше мн поедноставно. Си зимав од маркет од најефтиниот мелен ориз и мешав со каши овошни и зеленчукови. Ова сеа бре низ нос ми излезе