Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    8.560
    Пол:
    Женски
    Секаде со различни препораки. Како што гледам и од една до друга држава секаде различно е. И кои се правилни?
    Пак останува на мајчинскиот инстинкт на крај краева.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Па не би рекла, државите во ЕУ се водат според малтене исти препораки. Од 6 месеци се дава се, со исклучок на одредени намирници. Глутен, месо, јајце, риба е од 6 месеци.
    Само ми рекоа да почекам со мешунките и нормално мед, шеќер, сол и свинско после годинката.

    И не сметам дека треба да се раководеме според мајчинскиот инстикт, оти на некоја мајка ќе и вели да даде грав и леб на 7 месеци. Или смоки и чоколадо.
    Си има препораки и треба да се следат.
     
    На MeowMeow, Eli23 и velesanka им се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    8.560
    Пол:
    Женски
    Сигурна си?
    Пошто имам две другарки во две држави од Еу.
    Баш со едната зборував и неа ја советувале од 4.5месеци да почне со вкусови и тоа со овошје.
    Еве тебе те советувале накрај овошје. Така да секаде различно. Некои со зеленчук почнуваат. Некои мешано.
    И не никој нема да даде грав на 7месеци. Па не сме и ние толку заостанати ако сме сеуште во Македонија. Па и да дадат некои нивно дете не може никој да ги преубеди во спротивното. Не ми беше тоа муабетот.
    Кога мислев за мајчински инстинкт мислев дека секаде различно кажуваат некаде прво зеленчук некаде овошје. Некаде јајце подоцна, некаде топ алергените одма да се дадат. И пак накрај сепак мајката ќе си одлучи пример кога ќе даде јајце. Дали ќе даде после 6. Или покасно.
     
    На hello-kitty.90, Inamya, Despinaa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Па јас не реков дека во Мк даваат грав. И за овде знам примери каде што даваат грав и леб.
    Не, не треба мајката да оцени кога да даде јајце туку треба да се сепак почитуваат препораки.
    Глутенот и останатите алергени сега се воведуваат порано оти се докажало дека е подобро кога бебето е помало и кога почесто се дои, со цел доколку се појават проблеми,да се надминат полесно.
    Препораките се врз основа на препораки кои СЗО ги налага. Еве имаш членки од Германија, Швејцарија, мислам дека повеќето се со исти препораки.
    Инаку на 4 ипол месеци почнуваат оние кои се на АД. Многу фактори допринесуваат кога да се почне со воведување на цврста храна.

    Читав дека и Сајковски е со истиот став. Јас не знам зошто за некои работи сте затворени и никако не прифаќате новитети.
    Не зборувам лично за тебе, туку општо. Јас пак ете две деца имам и гледам дека има доста нови работи од тогаш и сега. И сосема нормално е.
     
    На VirgoStar, Freckles., Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    8.560
    Пол:
    Женски
    Бебчето од другарка ми е на ексклузивно доење и напредува супер.
    Не реков дека за мене зборуваш правиме општ муабет. Зборот ми е дека пак од една до друга држава секаде различно кажуваат.
    Сепак секоја мајка смета дека постапува најдобро за своето бебе.
    Јас сакав ќерка ми директно да јаде пасирано да се учи на таква текстура. Ама гледам не ми прифаќа се гади.
    Тиквица кога и давав пасирана се гадеше. А кога дадов блендирано си јадеше.
    Јас можеби би вовела и порано од алергените како пример јајце ама уште другите намирници ги немам воведено сите за 6 месеци.
    Не ја брзам ,бидејќи гледам и со стомакот има мака. А и повеќе сака да цица.
     
  6. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Нема глутен овесот, може да содржи само траги од глутен. Т.е мораат така да пишат бидејќи при производството може дошло до контаминација
    Ако сакаш деклариран овес земи такви снегулки од ДМ, аптека или продавница за здрава храна и смели ги.
     
    На Erika.greeneyes и V.N. им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Мојава моментално цица повеќе од новорденче кога беше, ама сепак им треба и цврста храна.
    Точно и самото дете се следи, ама факт е дека ние моментално му ствараме навики и го учеме да јаде.
    Првично коментирав да има еден унифициран пристап кои сите педијатри ќе го препорачуваат. А не еден вели така, друг вака и каша. И збунети мајки, нормално.
    Еве јас ги добив тие препораки, и истите се како и прирачникот кој ми го дадоа и истото ми го кажа патронажната.
    И во лекувањето е така, си има протокол и кај и да идеш е тој.

    За мешето, внимавај на намирниците. Еве сите воведуваме просо, киноа, амарант. Амарант?! Зошто? Јас тоа не го давам на мои деца.
    Давам само просо. А знаеш колку се тешки за стомакот? Јас по себе знам.
    Значи штом има мака ќе даваш поедноставни комбинации. Пробај така, не знам дали даваш пробиоток, ама давај за да регулира столица.
     
    На Erika.greeneyes, Tiny Love и velesanka им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    38.163
    Пол:
    Женски
    Во поглед на дохраната, и покрај тоа што се даваат совети и препораки од педијатри, има мајки кои си тераат по ,,свое,, или се ,,принудени,, да даваат ете пример грав и леб.
    Еве и мене ме фаќа некоја паника 11 месеци е бебе, сеуште јаде блендирано, каснува по некој залак ама не е тоа тоа, се гади, и веднаш повраќа во млазеви. И не можам да нудам многу храна затоа што ако е најаден, нацицан, нема шанси д аземе нешто. Ама не се откажувам, кога ќе биде спремен тогаш.
    Бебето на познаничка иста возраст е мече во споредба со моето, нема редослед кога се дава јадење, леб јаде од 5 месеци, стандард оброк за него нема направено. Ако они јадат компир, јаде и бебето, му давале дс проба и скара :( скоро беше сликано со сендвич од две кришки со еурокрем. Мајката кажува дека нема време она да спрема јадење.
    Друг пример, дома се живее во заедница, баби па и прабаби. Мајлата се труди, ама сите одоколу ,,пикаат,, на дете што било. Оти нели, треба побрзо да се научи да јаде од храната која се готви за сите. Така и грав ќе јаде бебето пред година.
    И сигурно дека педијатар не ги советува така овие мајки.
    Муабетот ми е дека колку и да има книги, препораки, апели и сл.се е до одлуката на мајката(и таткото) како ќе одлучи да го храни детето.
     
    На velesanka и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    8.560
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Баба му од маж ми беше и баш вика алва да и дала на ќерка ми бе ќе ја убиев.
    И јас сум за сега во заедница ама со маж ми се имаме договорено скроз сама не ја оставаме со нив да не и тупнат нешто што не треба.
    Јас ако имам работа мсж ми ќе биде тука и нема да можат.
    Коментар од свекрва ми пошто не ставам сол ќе ми плукала требало барем малку прстофат.
    Јас скроз ги игнорирам. Мое дете мои правила.
    Следам препораки од педијатар а не бабини деветини.
     
    На MeowMeow, Coco31, LaDyDoLl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Да, но да не зборуваме подоцна колкава е штетата од ваквата одлука на родителите да бутаат се од најмала возраст. Како прво дигестивниот систем не е спремен за таа храна.
    И време е да се освестат дека храната е здравје. Доста со онаа на старите јас толку деца пораснав. Ок, порасна, медицината вели дека не е здраво и штети.
    И јас слушам коментари дај и да лижне, види како гледа. Нека гледа, она си има што да јаде.
    Мое дете, мои правила.
     
    На MeowMeow, Coco31, Bebetoo и 5 други им се допаѓа ова.
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    Одлуката треба да ја донесат родителите заедно со одбраниот педијатар. Јас на мојот, сеуште немам дадено морков,компир, ориз.. и секогаш кога и да ме прашаат што јадел до сега, прашуваат а кога компир,морков, иако знаат дека си има мака со мешето. Ќе дадам кога јас ќе сметам дека ќе му одговара, па макар и компир воведувала на 9 месеци.
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Ее па ти не се нервирај, што сака нека си збори. Мојата свекрва вика отсега да го учам да јаде што јадеме ние :o, па баш ми е гајле, нека си збори, јас по мое си терам. Уште какви глупости ќе слушаш, ако се нервираш за се, ќе забегаш.
     
  13. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Никогаш ама баш никогаш не сум му давала да лижне од тоа што јадиме, присутен е кога јадеме и никогаш не се пули бидеќи не знае што е тоа, не пробал никогаш и не се стрви. Ама кога ќе види тегличка или тањирчето негово знае што е и се возбудува.
    Познаничка му даваат да лижне се што јадат и сега се кријаат кога ќе ручаат да не го стрват :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    50.861
    Пол:
    Женски
    Ако и воведам гриз значи глутенот и е воведен? Или треба сите житарки што се со глутен да и ги дадам па тогаш да е воведен? Има ли посебен принцип како се воведува или 3 дена е како и се друго?
     
  15. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    По препорака на педијатар ќе почнеме со цврста храна од 4 месеци. Ако може да ми кажете сет за храна од кој сте задоволни
     
  16. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Со една житарка е воведен.
    Со глутенот треба да се следи дали бебето има промени во столицата и дали му прави проблеми со мешето, во случај да има целијакија. Не значи дека веднаш ќе појави некоја реакција.
     
    На Arababy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    Искуства со кашичките од Стокомак? Вака составот читајќи го ми изгледа добар (нема шеќер, нема оризов гриз)
     
  18. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    Што треба да следам? Втор ден како давам круша со спелта, денеска каката беше ок.
     
  19. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Мислам дека дијареа и болки во стомак се најчесто симптоми.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Најбитно е дали бебето ќе напредува со развој и раст. Тука е и стомакот, столицата.
     
    На Freckles. и Tiny Love им се допаѓа ова.