Официјално денес почнавме со пробување вкусови, со морков Утре правиме 5 месеци. Се надевам ке биде јадачка како што цица На вода се мршти, уствари на шишето Дома имаме некои органски работи, непрскани, што ги имав смрзнато, планирам прво тоа да давам а после ќе почне да излегува и сезонско овошје и зеленчук. Колку бев возбудена за јадењево Добро поминавме, изеде 3-4 лажички, може уште ке јадеше ама доста е.
Да ти кажам, не очекував, но одлично го прифати. Авокадо, банана и јаболко измешав. Скоро цела тегличка изеде.
Него ја друго да прашам. Оризот мора мелен да биде? Не може пример јас со блендер да го смиксам? И со што го комбинирате? Скоро се има пробано од храната за 4 до 6 месеци.
Не мора да биде мелен , ние денес имаме морков , карфиол , кромид и ориз Можеш со морков и тиквичка... со брокула ...
Значи само јас неможам да го фатам редот со оброците изгледа Ај пробуваше вкусови ОК, зимав тегличка и по 3 дена таман. Нешто сакаше, нешто се мрштеше ама пробуваше. Овошјата ги помина, дел од зеленчуците исто. Ај сеа викам ќе и правам веќе комбинации за да си има цел оброк доручек, па полека да воведам и ручек. Луѓеееее Како правам така фрлам, пукнав значи Да не се сакало да се јаде! Само плука и ми поткашлува со нагон на повраќање. Вода од што се не пробав од шише, чаша со клунче, лажичка абе од се да се давело а инаку на 1 месец ги пиеше по 100мл чај од шише ко усисивач беше. Значи ќе полудам, кажувајте чаре некое зошто не се трпи
Мојава јаде ама и пребира. Еве палентава никако да ја засака. Денес по кој пат и давам палента како ја направив така ја фрлив. Т.е јас малку изедов. Палентава не ја сака пошто не е мазна. Приметив сака мазна текстура. Ако дадам пасирано не сака. А истото блендирано го сака. Па како и кога ќе преминеме на пасирано па на парчиња?
Еве го 7 месеци уште плука се дави не сака да јаде. Не знам ни јас што да му правам. Упорна сум секој ден му готвам со надеж дека ќе пројаде
Дали може да се направи кашичка за 4+ месечно бебе од компот од сливи и круши ( домашни без шеќер) или мора свежи?
Може да ја направиш по течна палентата стави повеќе вода или млеко со што и да ја правиш, јас така правам.
Жениии тегличка од сабајле за доручек ако не ја изеде цела им ја нудите и покасно така пример во 9 па во 11 па 1 дур не ја изеде цела или како им правиѕе? Јас упорна сум ама Два дена по ред не ја дојадува се мољакаме и до 2… :/ само цице сака