Од бела фарм и кисселото млеко и јогуртот.и мене ми се преубави и секогаш тазе се во кам каде што пазарам
Девојки месо само чисто за проба пак2-3 дена или комбинација со зеленчук давате? И колку грама за почеток планира. Да го динстам телешкото околу 70 грама
Што од намирниците замрзнувате/може да се замрзнат како исчистени( измиени, излупени, исечени)? Сама сум без помош, од голема корист би било ако утрото може само да се извади и стави на варење.
Мене некои работи не ми се јасни. Оброк и пробување вкусови. Дали кога се воведува нова храна давате по 2-3 лажички, или пак давате оброк со оглед дека сега сака да јаде повеќе?
Јас на почетокот давав по неколку лажички, сега кога ново воведувам како оброк и е, обично кога и воведувам нешто ново со веќе воведено и комбинирам.
Тука ме совњтуваа нова намирница да вметнувам со веќе воведени. Пример го правам оброкот и ставам 2-3 лажички од новата, па вториот ден зголемувам, и третиот ставам поголема количина
Сега го читав пак извештајот од педијатар, ми пишала житарки со глутен на 8 месеци, а месо на 7, киноа и амарант и авокадо на 10 м зашто не биле од наше поднебје. Хељда од колку м е, ја нема во мојот извештај? Бебе иако јаде секој ден житарки обавезно кака преку ден еднаш некогаш и 2 пати и секоја ноќ во 4 од како е родено. Се буди во 4 и кака, зашто ке биде кога ке дадам и вечера. Ми пишала 2 недели само житарки од сабајле па после две недели да давам и навечер само житарка а во тие од сабајле да додавам овошја вкусови. После две недели да воведам дирекно ручек мешан зеленчук ,немало потреба зеленчук да воведувам по 3 дена, без месо а после 2 недели и месо. Значи за 6 недели треба 3 оброка а јас веќе месец дена терам само со доручек, далеку сум од планов. И секој ден овие три житарки (просо, палента и ориз) да ги менувам ке му се одјадат на бебе. За доручек давам 2/3 житарка и 1/3 овошје, вкусови кои ги воведувам, и бебе јаде 120г мала каша ама вечера уште не сум дала а помина веќе месец, а за ручек па да не правиме муабет. Јас доручекот му го давам околу 11. Вечера ми пишала 2 часа пред спиење, а ручек во 14-16ч. Овесот нели треба да е без глутен, купив од хип пишува дека содржи глутен.
Јас имам замрзнато морков, брокула, тиква, месо домашно пилешко набавив иако е рано за тоа, тиква на парченца за по еден оброк. Круша имам вакумирана непрскана во теглички. Сум немала многу работи, вака кога напишав гледам Можеш и нешто од овошје, сливи, кајсии..
Месото прво цело свари го па подели го на коцки од околу 50г и замрзни ги. Ке додаваш по една коцка пред крај на варењето во зеленчуковите каши. Јас на првото синче преддададам месо прво дадов бујон, бода од варена коска, во зеленчукива каша а потоа месо. После имав замрзнати коцки и бујон и месо и ги ставав во кашите пред крај. Кашите ги правев во аир фруер зеленчуци со водичка во мало тавченце ем брзо ем поздраво.
Каков овес давате, купив на холе ама пишува дека содржи глутен. Дали смеам да дадам обични овесни снегулки без глутен?
Можеш да дадеш и тие од Холе што се, можеш и снегулки да дадеш ако сакаш деклариран безглутенски овес.