И моево е 8 ипол, од 5 ипол почнавме со вкусови, и ништо не и се свиѓа за јадење . Со сила и буткам во уста и едвај успевам да и протнам неколку лажички, силно ги затвара и со јазичето бутка нанадвор или плука. Кога ве читам дека и вечери спомнувате да дадете, ми се плаче. Првото ми беше нејадач, ама ова па ептен. Ниту банана, ниту тиква, ниту јогурт, ниту месо, ништо неќе. Овошните малото тегличе, 3 дена го јаде. Се е пробано. И пасирано и со парчиња и блендирано, и со кисело млеко и со јогурт додавање, и купечки и домашно правени каши и ништо не делува. Ниту еден оброк нема, а не па три, а голема е веќе. @Yowannty ти до кај си со синко?
Уште малку ке воведувам житарици: ориз, палента и просо… Од кои давате, како ги приготвувате, со што ги комбинирате (од зеленчук)?
И уште едно малку глупо прашање Посебно тенџерче за бебе ок ама за мешање со дрвена лажица исто само за храна на бебе мешате или претерувам Сориии те отепав со прашања..
Нема проблем прашај си Со посебна лажица исто мешам. Си имам прибор само за бебето дури и посебен сунѓер користам.
Јас само лажички со кои јаде користам посебни за бебе друго не, тањирчиња чаши од нашите, мешам со обични лажички за кафе, сите садови ги мијам во машина на 60 и мислам дека се доволно чисти и за бебе.
Просо и палента од дм. Само палента воведов. Варам овошје (јаболка, круша) од водата оставам 100мл, ставам 1 лажица палента. Овошјето + палентата во блендер. Пробав и палентата не блендирана, му смета
Има мака? Ако нема проблем бебето, зошто на лекар? Ако почна да јаде, давај слива, моево на пр од готова купечка кашичка од слива веднаш се празни. Исто позрела банана, крушка ...
Бисквити какви давате? Бискидс во млеко не се топат баш, а и ќерче кога ги јаде нив не и се топат убаво и се задавува . Лобело и земала мајка ми ама кога ги пробав , преблаги. Хипп како се? Мислам и тие потврди беа како што се сеќавам. Тестенини денес планирам да и дадам едни машнички од Лидл. Пишува дека се со пченичен гриз и вода? Ако имаат јајце ќе пишува? Следно и банана палачинки ќе дадам, сака девојчево парчиња да не се мачиме повеќе Жолчка почнав по пола, а матичната ме искара требало по шемата 1/8 ,месец дена да воведувам. Не планирам да се враќам назад и денес цела жолчка ќе и дадам за ручек. Мајка ми и дал кифла вчера! Го земале од градинка син ми ,он ужинката ја понел она им ја поделила и оваа си ја лапнала. И сега белка се смета воведена или? Матичната ми нагласи после година белка.
Јас само козјо давав на почеток, алергична беше на кравјо. Можеш кога се воведува кравјо тогаш и ова. Бискидс ми се топат мене, ги дробам меѓу прсти и со жешко млеко попарувам и мешам, ко каша се прави. Хипп потврди се, на вкус ми се поубави ама и тие ко да се со шеќер (на петит бер ми имаат вкус), нив ептен треба да ги здробиш да не останат парчиња. Од лобелото мене ми се собира уста кога ги јадам и не ги давам. Да, ако има јајца обично е понагласено на тестенините, а во состав сигурно ќе пишува. Со жолчка терај си ако веќе си дала пола. Белка од кифла по мене не ти е воведена. Ама ти е безбедна во кифла и тоа може да си јаде ако немала реакција. Во печење протеинот од белката кој ја јавува најчестата алергија се неутрализира, затоа печена кифла во состав со белка и варена чиста белка или пржено јајце не е исто.
@eli25 по старата шема, јајце цело може и на две години ќе испадне Кај мене е воведено. Јас сега се мислам што понатаму. Кисело млеко, павлака, урда си давам. Јајце, месо и риба, ама заглавив кај овошјето. Вртам круша, јаболка, светата банана, слива и праска. Ама малку е. Малини и боровница кога се даваа? Манго? Овде гледам даваат се, па и јагоди. Друго, од житарици ги вртам инстант, зедов кекс млечна оти не знаев кои бисквити за бебе, потоа, гриз, овес. И се тоа. Аман. За вчера некако немам многу избор. Од садови, имам тенџере, лажичка и сад за јадење. Ги мијам во машина за садови. Посебно за првото дете, ова да е живо и здраво