Ако ги имаш земено сливите од Веро, пробај пред да ги дадеш. Јас земав неколку за воведување и кисели ми беа/чудни. На крај воведов со Нутрино кашичка од сува слива (нема додаток ориз) и одлично помина кај нас
Баш сега ги мислев сливите Јас ги имам воведено ама со готови каши до сега. Дали можеби сте давале од сувите сливи без семка варени и блендирани? И како испаѓаат, дали има лушпи?
Моето е сега 8 месеци. 5ти и 6ти месец мака мачевме со тврда столица сега се регулираше. Во зеленчуковите каши ставам една лажица маслиново масло и леноно семе . Во овошните кашички 1 лажичка кокосово. Ленено не ставам во секоја, два пати во неделата може. Моето има сеуште 2 оброка зошто цел ден јаде нешто овошје, смоки, бисквити
Имам неколку прашања Грашак од кога може? Цреши и вишни смрзнати од маркет како да ги дадам? Пиперка како воведовте? тестенини како да дсдам пошто мојава се блендирано јаде. @kristina.k тиквата е одлична за какање.
Нема врска, можеш и да го прекинеш оризот. На моето чист ориз му прави запек исто. Јас малку цимет ставам во овошните каши за какање
Грашак околу 7-8 медец дадов. Првото дете се давеше од лушпите, ова гајле нема ни од грашак ни од пченка. Црешите и вишните ги проварувам во вода колку да омекнат и мешам со др. овошје. Пиперка давам зелена и ајварка црвена. Моите се замрзнати од летото, имав домашни. Ги ставам во останатиот зеленчук и ги варам. Пиперка мислам дава посебен вкус на кашата. Тестенини хм, со првото дете почнав со блендирани шпагети и павлака, ги обожаваше. Со второво пробав со тарана, се отепа од давење и се откажав. Планирам деновиве да сварам шпагети па да пробам блендирани. Инаку и моето јаде блендирано Туку да ве прашам. Само моето дете ли не сака готови ноќни каши? Ретко се случува да немам време да спремам, како денес, а чувам дома за секок случај и еве не знам кој пат, не сака и не сака. А јаболко, банана и житарици на Нутрино од 190гр маф ја направи. Најверојатно миризбата на млеко му е чудна. И мене искрено ми е
До нигде. Баш со @Kolache na mama дискутиравме во другата тема, 6-12 месеци. И ќерка ми исто нејадач. Сега па ништо не јаде. И под долна граница е со тежина, ама добар имунитет има да не ја подречам па уште ноќеска од нос да ми се удри. Таа бар кашички лапкаше. Никогаш не и мерев грамови, давав и оставав колку сака. Никогаш и не изеде цела кашичка ама си имаше оброци. Ова коалава мајкина, што магија гледа во цицката само тој знае. Гладен не е, не му се секирам за тоа, поише ми е што не спие па више прегорувам.
А малините и боровниците? Син ми не јадеше и само цицаше. Јас мислам дека беше гладен и дека само мајчино после 6 месеци им е малку. Плачеше, не спиеше, обиснат на цицката. Што знам, мое мислење е тоа.
Свежите ги давам свежи, а замрзнатите на почеток ги ставав на кратко во врела вода, сега и нив ги одмрзнувам и давам.