Гледам почесто да има житарка, ама и не секој ден, така ако приметам дека не се искакала еден ден, наредниот давам само овошје за полесно да и биде. можеш ориз, просо, киноа, амарант се е веќе дозволено 6+
Мене матичната ми кажа обавезно житарка за појадок , така правев и за син ми Не ми е појадок овошка само. И колку ќе го држи сит?
Јас денес не и дадов житарица, страшен запек има, ја држам за да успее да има столица и крв си пушта. Не знам кога ќе се регулира ова, со првото дете немав ваква мака, се си јадеше и нормална столица имаше дури повеќе пати дневно.
Кај мојот палента+ јаболко/круша супер му делува на мешето. Нема проблем. Ако евентуално се мачи, давам вода од варено јаболко или чај бекутан.
Еве ја и мојава 4 ден тера, пукнав И дадов само слива не ми ја јаде па и ја мешав со круша. Сега планирам тиквица да и сварам, а утре сабајле и палента ќе воведам да видам тоа дали ќе помогне
И јас слива и круша денес. Се мислам кисело млеко утре да воведам, може ќе е добро за мешето. И чајче ќе земам некое, вода не ми пие.
Јас к.млеко после палентата планирам да го воведам. Се надевам многу јас на палентата дека ќе и олесни зошто големата памтам уште додека јадеше палента во истата секунда ја полнеше пелената
@kristina.k ист проблем имавме. Траеше некој период, ама беше страшно за нас и болно за него. Многу се мачеше,исто и му пукаа капиларчиња и често крв имаше. Се среди само по себе, не знам, ништо не дадов. Сега обавезно еднаш или повеќе пати во ден кака, ама пак е густа, некогаш потврда каката. Денес пробавме компир печен, светско чудо. Се изнајаде а јас дури да го пофалам, му застана парченце и ајт се поврати. Зар само моево дете не знае да плука нешто што му смета во уста, веднаш повраќа? Почнувам да се плашам како ќе почне со парчиња, а далеку сме од таа фаза
Јас давам ваја, и нема проблем со столици а јаде цело време житарки, веќе јаде и вечера мала тегличка или ориз или просо или палента, кака и по 2-3 пати. Како да разликувам осип од сипаници, денес дадов просо со банана и праска од хип, бебе има 2 брунчиња. Е сега големото имаше сипаници уштему поминуваат, малово демек го тргнав ама изгледа џабе. Нема тт, јаде и цица нирмално ама пак ми е мн страв, ми се стемни кога видов.