Денес бевме на педијатар , не советуваше да воведеме и вечера , ме интересира што најчесто давате за вечера , знам дека треба млечно нешто , сите каши што ги видов ноќни содржат глутен , а уште немаме воведено глутен , некоја идеја што да и дадам
Јас давам просо, ориз или палента чисти без млеко или од холе инстант каша со сите три мешано. Не давам млечни бидејки ми е анемично бебето, така ми кажа педијатар.
Па тука читав бучен козјак дека било најдобро, ма да мислам дека е киселко ама ќе пробам. Планирам или со палента или со некој зелен зеленчук брокула, спанаќ со ориз...
Ако биле заедно ден два пред да извади сипаници, точно е, џабе си ги двоела. Ако има сипаници, денес ќе има нови брунчиња.
Да да тоа пишав почесто житарка ама кога има запек давам само овошје, ете кај неа така делува Иначе овошје не држи нормално, ете вчера дадов круша, јаболка и авокадо одма се искака затоа денес ќе се части житарка
Мора така да пишат бидејќи при производство и обработка може дошло во допир со другите наведени и може се контаминирало. Полесно им е да пишат дека може содржи, отколку да запазуваат и декларираат дека не содржи.
Од каде набавувате органски овошки и зеленчук? Полека го трошам тоа што го имав зачувано и ќе треба да давам нови намирници а врска немам пример каде да најдам јаболко непрскано или круша или било што? Ако имате некој дилер пишете
На мене исто ми се полнеа и сега се чувам во фрижидерот. Во инстант не сум приметила, они стојат се уште надвор, ама ставам штипка.
Суви сливи какви можам да земам, поточно од дм? Ако може слика да пратите, маж утре ќе оди да купи, кај нас дм нема.
Цела кеса ја замрзнуваш? Или треба некако да се приготват пред замрзнување? Може со сувите кајсии да се воведе кајсија?