Крај краева, секако на 5 години ќе јаде кеса чипс за доручек ко големава. А ко бебе органско битно било.
Како да воведам лук и праз,кромид имам дадено го варев со друг зеленчук е сега како давате лук или праз по колку количински за прв пат дали пак се вари?
Органско се давало да не развие некоја автоимуна болест. Или така негде читнав. Туку кој блендер користите? Земав рачен на Бош од 600в. Стапчестиот дел е за овошје и зеленчук, а сецкото за месо?
Малово здравје на година и месец ќе ја пуштам во градинка, ама големата тргна на 10 месеци. До тогаш и имав воведено кравјо млеко во каши иако цицаше до 13 месеци. Не за друго ама во градинка нема молзено млеко, органски јаболки и сл. Тоа е нашата реалност. Исто ние не го користиме ни авокадото ни прокељот во нашата исхрана по дома и стварно не чуствувам потреба да биде во првите намирници. Ама на крај се се сведува на трендови и како по светов да се исперат пари за семинари, обуки и сл
Мајки, за какање денес баш видов инстант каша на Хипп со слива. Пишува дека пробиотик. Пробајте ја. Јас купувам био, ама не секогаш. Кога како. Јајца гледам да се био, тие се оти кокошките се хранеле слободно. Јас не сум во Мк и најмногу зимам за да биде на вкус што поприродно. Јаболките на пример. Друго давам се како и за нас. Јас амарант кажав не давам. Може само уште киноа и дури за нејзе се мислам. Ама морам да давам некои намирници оти тука во градинка даваат, па да ги научи. Вчера и денес одбива да јаде. Некна вечер ич не спиеше. Синоќа исто. Всушност спие, ама морам да ја гушкам и до мене. Еве сега и сварив боровинки со гриз и малку банана, апна малку и толку. Што фаза е ова јас не знам. Вчера носот и течеше, денес не. Очекувам заб, ама јас со месеци го очекувам
Прашања што ме мсчат хах кога почнавте со месо 3 дена телешко 3 дена мисиркино…или како? И после колку пати во неделата месо или секој ден?
Исто, ќере на 9 месеци во градинка имаше макарони со јајце и сирење оброк. Се воведов набрзинка. Нема ефект Јуле кашата, пробана. Далеку е од вкус на слива. Нема ни боја ко слива. 2 дена даван пилешко, 2 дена телешко, 2 дена риба. Измеѓу по еден ден зеленчук, пример ориз и спанаќ и кисело млекце, или палента со жолчка и кисело млекце, или само зеленчук варен.
Кога имам поголема количина ставам во нутри булет а помала со рачен блендер, не е некоја марка ми го донесоа поклон. Месо имам мелено во нутри булет убава текстура се прави а со рачен не би знаела да ти кажам.
Има инстант каша на хипп, со слива и не знам што друго беше и пишува пробиотска дека е. Да пробаш со таа. Иначе онака додавам од готова каша, не знам суви несуви, не сум земала такви
@shz и мене педијатар ме советуваше месо 2 пати неделно @Freckles. Месо и ориз не мешај зашто еве јас и измешав на мојава сега кога и го воведував оризот демек помалце во каша со компир, морков и сл и сеа ми е со запек А што се однесува до рачниот блендер ако е појак пасира и месо. Јас сум со рачен на мулинекс 750 вати е и сум супер задоволна
Сте го давале ова на бебе 7м? Го земав денес ама позади читам дека е за над 1 год. Според составот се имаме воведено