Zdravo majki Zedov od ovoj baby spanak, pisuva do 20.03 da se upotrebuva Dali mozem da go zamrznam i da go koristim i ponatamu?
И син ми беше толку на година, а и бебка е околу 7 ипол кг. Ама родена е помала, но според докторката супер си била. Јас се нервирам што ај количински што јаде малку, дали некогаш 100 грама, отприлика како една мала каша, зеленчук и месо едвај јаде. Вчера не го сакаше ручекот и бараше често да цица и се нервираше што е гладна и вечерта касна неколку лажици од кашата. Демек три оброка, ама едвај три. Сака да јаде, ама бира и не јаде пп многу.
Немам проблем фала Богу, ништо до сега нема одбиено,месо најмногу сака. Не мерам, ама сигурно јаде преку 170гр. Цицањето ни е приказна, по 40мин обавезно. Периодов често јадат заедно со брат му, гледам има желба да проба од неговото јадење, ама кога му нудам, врти глава. Сакам да воведам ужинка, да намалиме уште еден подој барем, ама немам идеја што. Не е мерак за лепче, ѓеврече. Треба цел ден да блендам каши.
Какви бисквити да земам ? Треба да купсм ама појма неам кои се добри. @kristina.k царската мешавина на фриком има 400 гр. Може да се користи за повеќе оброци? Со тоа што сега вадам количина колку ми треба другата ја враќам назад во фрижидер па ја земам кога пак ќе ми треба. Или ако е веќе отворена треба да се искористи наеднаш?
Јас земав и бискидс и лобело и хипп . За син ми комбинирав лобело и лино. Овие biskids ко демек најдобри , без шеќери
Јас начисто полудев со мојава нејадачка! Значи ко се роди толку добро напредуваше со цицање што 2 педијатри ни препорачаа на диета да ја ставам да не и се проширел желудникот па цел живот јадачка ќе била ... да се смеам или плачам Од кога е почната со вкусови и храна незнам дали 3 цели оброци има изедено. Ко ќе ми ја стисне устата ни клешти не ја отвараат Приметувам сака потопли јадења што значи овошјето ако не е сварено и дадено топло во идеалниот момент за неа ништо од јадењето. Вчера и правев само тиквица за ручек ја направи маф, затоа денес брокула со к.млеко заврши во канта. А да и свежата јаболка со круша за појадок не ја помириса. Значи 8 месеци без 10 дена е, до сега веќе требаше и 3 оброк да воведам а јас неможам 2 нормални. Пукнав Утре 2 ден сакам да и дадам пак к.млеко а задутре (3 ден) дали би можела да го комбинирам веќе со нова намирница (прокељ) или да си терам чисти 3 дена со к.млеко па после друго? И ако имате некој совет за јадењево ќе ви бидам преблагодарна. Ко за 2 дете со кое треба да ми биде полесно ова ме мрдна
Офф да пробаш промена на столче нз… ние прво во дневна јадевме па имаше еден штрајк па сега повеќе во кујна сака и до прозор со зборење со гледање надвор песнички повеќе ми јаде
Точно знам како е со бебе нејадач 9 месеци направи и тек сега можам да кажам дека има 2 солидни оброци а третиот кога-како. Се оптеретував како тебе дека "мора" да има 3 оброци. Едноставно нема по план. Промени го времето на оброците, текстурата, вкус. И пробај да не се иритираш, ќе се изненадиш позитивно еден ден Сфатив по не знам кој пат дека е најдобро да следам бебе и нејзини потреби без форсирање отколку да споредувам колку јадело детето на другарката,комшивката и сл. Секако дека секој ден не е сјаен ама оди на подобро
Ти благодарам многу Далеку од тоа дека споредувам со ојле дојле, ама со поголемата ДА претпоставувам и природно е тоа Дефинитивно си е секој за себе, како и да е еден ден ќе пројаде се
Мене матичната многу ме притискаше од муабети дека "мора" веќе да има 3 оброци а ќерка ми тогаш едвај 1 а од друга страна не сакав по секоја цена да и кратам млеко. Буквално се разјаде дете после доолго време одбивање, затворање уста и плачки. Мене прво дете ми е па половина од времето си барам некаде грешки
Фала. Земав и јас бискидс а и на попуст беа моментално. Сега кога можам да и ги воведам. Откако ќе воведам глутен? Може прашувам глупости, ама стварно појма си неам.
Абе јас се напињам и баш и зборев јас на матичната дека ,,каснам,, со оброци она па ми вика уживај таман си. И на нив крајот не им се наоѓа