Може, јас по 2-3 парчиња ставам на оброк, секако не ја одмрзнуваш целата. Да прашам за грчки јогурт дали давате? Само кисело млеко имам дадено досега, немаше проблем.
И јас исто Пред некој ден и дадов да гриза јаболка и малку откина и одма почна да се задавува и затоа не смеам сеуште да и давам парчиња.
Ќе видиш како реагира бебе. Јас почнав со блендирано баш мазно а сега на 9 месеци повеќето работи ги пасирам со вилушка да има ситни парченца а нешто уште блендирам (пример месо)
Баш пред некој ден слушав еден доктор од Србија како парчињата се битни и за преодување. Има некоја поврзаност со вилицата и рбетот, а со тоа и правилна форма на стапалата. И мајка ми рече дека веројатно е точно зашто јас сум била на каши долго време и ден денес имам проблем со рамни стапала и многу болки во нозете при подолго стоење, за штикла па уште поголеми болки, два дена кривам после свадби За сега мојот план е од 7ми месец да давам комбинирано, па ќе видиме дали бебе има исти план како мене
Јаболка ако се дава на парчиња треба да биде варена за лесно да се распаѓа или соодветно исечена. Види на solid starts, на која возраст како треба да биде сервирана за да се избегне давење.
Ај јас ко падната од Марс Баланс кисело млеко им давате на бебуши? Некако тоа ми е најлајт со кисело. Ована бучен козјак ко и го давам на малава ко лимон да и цедам во уста ми прави фаци
@shz никако јаболко на парче. “Задавувач” бр. 1 е. @V.N. не баланс. Давај помасно. Алпско или бучен козјак, можеш и грчки јогурт. Мојата од се пробано досега, само кисело млеко не сака. Се мршти бетер од лимон Вчера јадеше макарони со урда , денес банана палачинки Многу ме изненадува бебево, колку се различни со бато немам зборови @StarFlower од 7 дадов јас