Не давајте грчки јогурт туку павлака оти грчкиот е послаб со масти и калории, а на бебе му требаат и масти и калории. Ова ми е совет од нутриционист. Секако не е штетно, ама на нив им треба да напредуваат. Павлака било сосема ок. Јас давам тоа или јогурт цврст. Таков е овде. Бебе денес одбива да јаде. Непцата се бели, забче е, ама се мачи цела недела. Душа.
Овие на сликата се со јајце. А тие со јаболко и со банана тие немаат јајца. Не знам како таму не ми текна да прочитам состав. Обично читам.
Со што да комбинирам жолчка? Наскоро ќе и воведам, само да не е со банана, банана не сака ич да јаде некогаш во некоја каша малку ако и ставам да не примети.
Палента, тиквичка, кромид/лук Батат, брокула Палента, спанаќ, карфиол Ова се само неколку комбинации кои јас ги правам со сега веќе цело јајце
Сега за ќерка ми само варена. За син ми ја блендирав, него се го “задавуваше”. Како ти ја сака , така.
Синко мој реши не сака да јаде веќе каши. Сака парчиња и со рака да го ранам лажица никако. Кажувајте совет како и што да му спремам. Ај овошјето на парченца ќе му давам ама житарките како.
Мафини, палачинки, лепче, палента во силиконски калапи со форми. Јас и овесни колачиња му печев со банана на големиот. Ништо блендирано не јадеше. Ова од гриз се дави
Ја ставив со водата за гриз малку. Туку бебка сега јадеше, маф направи. Банана, манго и праска со гриз. Некна исто, каша со банана цела. И тоа отвара уста, сама бара. Ова е веќе проблем, не јаде друго, ако нема банана. Ај ќе ставам по малку во појадок, вечерата исто, навечер јаде плус палента и тарана, ама за ручек како да ставам банана? Се мислам некој зачин да купам од дозволените, не сака блуткаво. Како сол да дадам? Патронажната ми кажа доколу одбива неколку зрна да ставам. Срце не ми дава. Ама не е нејадач, сака да јаде и ужива, ама тоа што она сака. Банана
Мојава па не сака да смисли банана. Пред некој ден едно парче и подметнав во кашата мислам не ја осети, само малку остави од кашата.
Леле мојов не сака банана, ни самостојно, ни во комбинации. Круша, јаболко може, во комбинација со банана не. Мислам дека му е блага.
Кај мене и син ми јадеше банани, по кило има изедено. Еве и сестра му. Само банани им дај. Не знам што ќе правам со бананава
Сакаат благи вкусови. Да пробаш со компот од вишна/цреша. Јас ич не сум искрено за компоти и онака сами по себе се богати со природен шеќер, ама по совет на мајка ми вчера земав компот откај неа и утрово го понудив мојов нејадач, за првпат изеде 50г. Значи само капнав малку од него и ставив две цреши и даде многу убава блажина. Ама да најдеш домашен каде не ставаат плус и шеќер. Или да праќам тегла
Во Македонија, кое маслиново масло го користите за бебе? И дали се воведува 3 дена? И како се користи?
Ќе и направам, ама и блага круша поминува. Туку кажи што да правам со зеленчукот, месото и рибата? Како во нив банана да ставам?