Јас овде давам домашно, мајка ми правеше оти имаат маслинки во двор. И тоа е ледено цедено и не се готви. Помесот од маркет е за готвење. И ставам на крајот, пред да блендирам. Не воведов три дена, едноставно продолжив со користење.
Батат, тиква, морков да се органски и направени на пареа да се задржи вкусот. Сите блажина даваат. Едит: Сега се сетив, имаше една мајка ставаше јаболко во зеленчуковите за да го прикрие вкусот и поминуваше така кај бебе.
Не сака и батат веќе. Сега ако не јаде од рибата со компир и кромид, ќе ставам внатре банана Се шалам, ама не знам како да ја натерам да јаде без банана. Јаболко не обожава баш. Значи банана треба да има.
Од која тарана давате? Јајце уште не сум вовела скроз, дадов жолчка еднаш осминка, имаше течна столица, после се разболе и не знам дали беше од жолчката пошто не дадов пак.
Дали да направам пауза од вториот оброк дури не се среди запекот? Два дена нема какано ама денес плаче исто ко од грчеви што плачеше. Слива давам секое сабајле, денес со круша и не сакаше да јаде, тврдо и е мешето. А цица без проблем, нема да е гладна. Не ни знам веќе што да дадам за ручек од што се и прави проблем.
25 лажички од ручекот Риба орада, компир, кромид и маслиново. Малку беше количински, ама внатре ставив два мали компира, еден мал кромид и риба не знаммоколу 30 грама. Може и помалку. Битно јадеше Сега уште вечерата и да биде денот успешен
Обично прв оброк во колку часот давате? Јас давам кај 12 денеска дадов тиквица и палента. Дали оваа комбинација е ок за прв оброк? И колку количински тиквица а колку палента да давам? Денес ја направив со 100мл вода и една лажица палента а тиквица ставив мала сварена ама внатрешниот дел (семките) го извадив оти не блендирам туку пасирам и мешам со палентата. Дали е тешка оваа комбинација за прв оброк на бебе? 6++ е. Дали е подобро да давам палента со овошје за прв оброк?
Од тој на Имлек дадов вчера прв пат, помасен е околу 9% мислам. Другиот не се препорачува за бебе во раст, јас за диета го користам
Да ти кажам правам отприлика инстант палента една полна лажица и додавам вода, ја правам поретка и после мешам од јогуртот