Јас ја давам таа зелената палента со детето на слика (незнам чива е, ама мене ми е супер) . Бебушка ич не ми ја сака, вајда тоа зрнцата и сметаат незнам, она сака се да и е така мазно, глатко...ќе си имам мака јас изгледа
Освен зајачко и наскоро пилешко месо друго не можам да најдам и ќе давам од готовите каши, ама во некои има домати а само домат не можам да најдам т.е има сега ама тие знаеме какви се. Може ли две намирници наеднаш да и воведам, пример телешко и домат? Ако има во кашичката.
Имаш кашичка на хип телешко компир морков и пченка. И на бебивита компир морков телешко. @V.N. мојава несака да ја смисли палентата. Зедов и инстант џабе. И просото не ми го сака ради таа причина сака мазно. Којзнае дали ќе сака гриз.. Ради тоа немам многу комбинации за доручек. Утре пак ќе и понудам палента инстант со надеж дека ќе јаде и дека ради запчето претходно не сакаше. Си се тешам де.
Мајки 5++ сме. Пред 2 недели почнавме со немлечна исхрана, некој ден пред 5 мес. Уште пробуваме вкусови. Мене бебево на се што ќе и дадам ми се мршти, јаде по 3-4 лаж и толку. Јас не знам дали тоа е смислата на пробување вкусови ама како што гледам до оброк тешко вака да стигнеме. Овие денови и носето и е затнато, запчиња почнуваат и пробувам насабајле (11-12) ке проба 2-3 лаж и плука. Денес дадов накај 17:00 пак, викам ајде насабајле стануваме и со ноското вадам мрсули и лута ми е после, нема шанси да јаде и изеде пола кашичка, јанболко и палента и давав. Не знам дали јас во погрешно време давам, дали и е проблем носето, запчињата… Имате ли некој предлог како да го разјадам бебево Не дека нема да се научи да јаде де ама така барем нешто да и се допаѓаше..
Можеби уште не е спремна за немлечна исхрана почекај некое време па пак пробај може ќе се разјаде, ова ми е од едно предавање што слушав за воведување на цврта храна
Го имам и тоа како опција, само не знам дали има бебиња што од одма им е вкусно се, не мора се ама така од одма да јадат без мрштење и плукање после 3 лажица или сите се така на почеток, плукаат и се мрштат… И ако би правела пауза колку време би траела…?
Па пробај после неколку дена или една недела исто така многу е битно бебо да е наспано и најадено кога се пробиваат вкусови на пример после пола саат или најмногу саат од подој да не биде изгладнето или ненаспано, исто така совет кој што го слушав на предавањето
Јас му давам доручек саат ипол после доење и јаде една мала каша,2/3 житарка и 1/3 вкус овошје што воведувам. Сега има сипаници па не му давам ништо ново, ги вртам тие што ми се веќе воведени. За хранење сега користам тегличка од малите каши од хип да знам колку изел, во тањирче немам ориентација. 6 м е.
Моето од одма јадеше на 4++. Не е таков да бара ама не се ни противи. По една недела веќе имаше оброк од 80 до 100 гр. Туку да ве прашам денес давав овес со јаболка ама голема количина излезе. Можам инстант овесот на хип веќе направен со јаболка да го чувам во фрижидер до утре? И овес 3 дена воведувате или како? Прв ден дадов денес
@macalavica јас тргнувајки од тоа дека треба да е гладна за да јаде, давам одма кога ке стане од спиење, без претходно да цица, а цица кога ке завршиме со јадење кашичка… Ке пробам и кога ке биде нацицана. Житарка воведувате исто 3 дена? Вчера давав палента прв пат со јаболко (веќе воведено), денес сакам банана да воведам со палентата или да чекам 2-3 дена?
Јас вака правам, станува околу 8, 8:30, цица. Го играм, шетаме во куќата околу 15-20минути. Во 9, 9:15 почнувам да спремам, некогаш ми треба повеќе време, некогаш помалку. И до 10 најкасно му давам да јаде. (До 10 е зготвено и изладено тоа што сум спремила, оти мојов не сака да е топло..) Има 30минути плус минус во зависност кога стане од спиење, ама отприлика час, час и половина од цицање јаде.
Мојава ќе стане накај 7 ипол , 8, ама бара да цица и да презаспие. Пробав да јаде некаде накај 9 ипол ама нервозна е и не сака. Па спие докај 9 ипол или 10, и тогаш не цица, и спремам да јаде и се маф прави. Добро ставам банана. Вчера и дадов да руча во 15 ч, а вечера некаде накај 19 и 30. И имаше три успешни изедени оброци. Покрај вкусовите, битен е и тајмингот и дали е наспиена. Туку од овошје веќе не знам што да давам. Јаболко, круша, банана, манго, слива, праска, боровница. И тоа е. Едвај ја чекам сега сезоната. Денес ќе одмара од месо, ама ќе јаде јајце. Да видам каков ден ќе има.
Кои безглутенски житарки ги давате на бебе? Овес, палента, просо јас и сопругот ги користевме и пред бебе и му ги воведов. Ориз ќе почекам заради запек. Мислење за киноа, амарант? Или некоја друга?
Јас давам амарант,киноа купив не сум и дала сеуште. Јас ја земам околу 06ч цица продолжува да спие станува во 8, околу 9 и давам каша заспива, станува цица и околу 2 и е ручекот и натаму продолжуваме со цицање само.
Јас денес прв оат дадов амарант со јаболко и цејлонски цимет ептен малку и ја излапа киноа не сум дала уште ама ќе дадам деновиве
Моето 6и30 7 станува му давам да цица и после пола саат 40 мин ми презаспива додека спие јас спремам станува и накај 9 јаде 10 мин порано покасно сеа некогаш нема да презаспие или ќе бара пак да цица тогаш прилагодувам со време за доручек нормално не се роботи па секогаш во исто време ова веќе кога имаме оброк доручек иначе кога воведував секогаш гледав да е најден наспан
Кај го најде циметот јас се кинески некои гледам по мзркетиве во веро само не сум отишла.. од 7+ е циметот така