Јас изгледа малку повеќе вода ставив , саат време ми се смучи , не знам дали може од вечер да се спреми и сабајле само да го додадам во овошјето...
Немам уште кромид воведено. Ме чека долга листа за 6 до 8 месеци. Тие за 4 до 6 сите ги свртев. Со карфиол почнувам од новите. Ама ќе пробам така кромид кога ќе воведувам.
Девојки откако воведовте цврста храна како ви се бебињата со какањето? Абе мојава многу често кака. Напнува, некогаш потврдо некогаш помеко ама многу ми изгледа често тоа. После секој оброк уште на хранилка го решети столчето рафално. Иако е на сред хранење. И после секое цицање. Па вака што ќе остане за неа?
Првите недела две какаше преку еден ден, што беше не замисливо зошто предходно по неколку пати какаше , е сега мислам дека се регулира некој ден повеќе кака , ама околу три пати на ден и е мерка и тоа обавезно додека е на хранилка и јаде а богами количински пуни пелена , а јас се мислам гладна е
Во прав користам. Ставам околу едно мало тегличе од каша вода да зоврие тргам на страна ставам ориз, ставам ориз зависи колку густо да ми биде отприлика 2 супени лажици.
Исто е и моето бебе, што и да дадам се мршти, плука и повеќе од 5-6 лажички нема шанси да јаде..и кога јаде шлапка како прасе и јазичето го вади надвор, чудно ми е што прави така...и вода не сака никако да пие,кога го види шишето само го бутка. Пробав и со лажичка да давам и плука не сака многу се нервирам се мислам да прекинам и по две три недели пак да пробам.
Им давате ли вир на вашите пробиотик уште или веќе не? Некои викаат после 6 нд некои да…Ја па мислсм дека и со витсминиве некако кога и давам после јадење ко послабо да кака! Aли вајда им треба и време дур им се навикнат убаво мешињата
Исто, со јазичето исто прави. Еве денес дадов тиква и палента 6-7 лаж изеде и толку. Среќна сум и за толку. Ако прекинам некако касно да не и дојде почнувањето тоа ми е мисла… Вода како шо викаш не знае да пие ама упорна сум…Имам 3 шишиња кога седнуваме да јаде и нудам од сите, некогаш ке повлече еднаш два пати некогаш ич…
Матичната ми кажа да воведам 3 оброк - житарка во солена варијанта пример. Ми кажа можам генерално кравјо сирење и кравји кашкавал, урда, земав и гриз од оној со бебето. Дајте идеи комбинации за вечера... Давам за доручек овес, палента, просо, киноа + овошки, некогаш и со кисело млеко..... Какво сирење и кашкавал кравји сте дале? Кој бренд