Ден два успешен со три оброка. Истиот тајминг. Денес јајцето пројде, утре да видеме телешкото дали ќе помине.
8 месеци е и е вечера и немам сеуште воведено, планирам од 9ти да почнам. Утре глутен ќе и воведам, па наредната недела можеби и жолчка, некако страв ме фаќа да и дадам ама мислам време е веќе да и ја воведам уште малку 9 месеци ќе прави. Грашок може да воведам или рано е сеуште?
Бебето е скоро 11 месеци, јади 3 оброци но едвај, со молење со песни со играчки со цртани, сакам да почнам да му давам ручек со сол, тој најмалце го јади. Дали некоја користи сол или некој друг зачин? Исто и килажа слабо крева. 9 кг е, докторката ми рече да вметнам ужина но ако јаде ужина вечерата ми ја јаде пола. Нема да ја триплира килажата на годината. Дали да почнам да давам од нашите манџи? Не џвака многу ама по малце гледам сака, грицка бисквити и смоки бебешки. Јас и касно од страв почнав да давам да џвака. Со храната најтешко ми се виде.
Колкаво е бебето? Кашкавалите ми се некако премногу обработени, а сирењава пресолени. Ни сега на 15 месеци не ги давам. Ако можеш да си направиш домашно со помалку сол подобро. Можеш урда, кисело млеко, јогурт. Вечера накај 9 месеци се воведува па тогаш можеш и парчиња да даваш, пример печени полпети или ќофтиња од зеленчук има разни рецепти, проја, во нејзе можеш урда, спанаќ, блитва, морков да ставиш, овесни палачинки или палачинки со јогурт.
Од кога ќе почнеш да воведуваш ручек. Има два начина на воведување: -појадок,ручек, вечера -ручек, вечера, појадок. Во зависност од тоа кој начин ќе се одбере, тогаш се воведува месо. Ние одиме по првиот начин, заради проблеми со варење и месо ќе воведеме околу 7миот месец, ако се воведува по вториот начин, месо е многу порано
Сол не би додавала во храна до година. Килажа ни мојата не триплираше за малце, педијатар ќе оцени дали е тоа во ред или не, ни еднаш не ми рече дека е проблем. Ама слободно почни да даваш од тоа што јадете вие, само не го соли, или извади пред да го посолиш или посолете го вашето отпосле и запршки не прави во манџите. Како сув зачин сум ставала кари, црвен пипер, оригано и ловоров, после година почнав сол, бибер, кумин. Инаку лук, кромид, магдонос, пашканат, целер ова цело време ставав во јадење, зависи што готвам.
Јас планирам од 7ми. Крај на 6ти ќе почнам со ручек, околу 1 недела житарка со зеленчук прво, па после ќе додавам и месо
И јас сакам да планирам ама не ми оди се по план Битно ми беше да имам време да најдам мисиркино домашно и пилешко, телешко веќе имам. Мојот план беше да почнам со вкусови, па дека супер ќе си јаде и ќе сака да јаде како што цица ама не е се по планот Битно ние да си планираме
За месово да се надоврзам, имам уште едно прашање. Дали може да сварам цела мисирка или кокошка небитно, било што од месо и да го поделам на порции ( не знам ни колкави да бидат?) и да одмрзнувам и загревам/ блендирам пред јадење? Или живо да го поделам на порции и да готвам пред да јаде?
Маж се понуди да најде, имал колега на работа што земал селски мисирки. Само со се пердуви да не ми ја донесе Фала ти на инфо
Мајки што сте на работа, како се организирате за храна по дома? Што смеам да припремам од вечер за ручек?