Домашна супа Палента со к млеко Бисквити, банана млеко Житарка со овошје(поретко) Гриз со секое овошје Лепче и јогурт Овесни и к.млеко Гледам вечерата да биде два часа пред спиење.
Да прашам Денес за ручек и правев тиквица со боранија ама испадна дупла доза. Може едната половина во фрижидер до утре па да ја притоплам?
Мое бебе обожава месо да му дадам мислам и колбас ќе јаде. Инаку почнувам со вечера од утре. Само незнам во колку часот да давам. Заспива на цице во 22часот
Дали давате пилешко од кашичката на Холе, што е чисто? Не можев да најдам домашно пиле па денес една лажичка од неа ставив во зеленчукот, дали и утре од неа да дадам? Пишува два дена ама дека месо ми е мисла тие од Хип мислам 24 часа беа.
Јас сум давала нареден ден, освен компир, спанаќ итн, што знам дека не треба да се загреваат. Тиквица и боранија мислам можеш да ги загрееш.
Можеш се од вечер, не се подгрева спанаќ, блитва, компир. Јас пред работа готвам (пошто со петлите станувам) или оставам половично, па довршува маж ми или свекрва ми. Прави си мени, не мора строго да се држиш до него, мене ми олеснува. Готви за сите ист ручек. Некогаш може и за 2 дена нешто да направиш.
Со што воведувате глутен , и од која возраст ние сме 7+ со вечерата имаме мака инстант кашите не сака да ги помириса и купив од тие ноќните на бебивита ама сите се со глутен , можам ли со нив да и воведам ,или се препорачува наутро ???
Пред 7 месеци дадов јас, со гриз, па мешани житарици од Хип. Вечера деновиве ќе воведам ама прво наутро за доручек ако давам од млечните каши, првото дете имаше осип од таа со банана.
Јас и давам од млечните без глутен што се ама плаче ,мислам дека од далеку ја намирисува почнува да плаче и не се смирува, демек навредена, инаку јаде доручек , ручек , не прави проблем ама со вечера имаме мака , немам идеја , не можам секоја вечер палента и јогурт да давам ќе и воведам и јас со гриз за доручек деновиве ...
Да и јас му се спремам исто викендов гриз со крушка и јаболко и цимет таман видов негде таков рецепт и после 3 дена по ред гриз така и се смета за глутен воведен?
Ние имаме само еден оброк воведено. Сакав да прашам, на тие мајки кои ви пијат децата ад, после оброк на колку време им давате млеко? Денес и направив ориз со брокула, изеде околу пола тегличка од тие холе што се оброк, после 1ипол, 2ч плачеше, и дадов млеко испи 150мл. Утре 7 месеци полни . Првото го доев, па немав вакви нејаснотии, кога сакаше цицаше, сега вака со ад, не ми е јасно како треба. И следен оброк, доручек да воврдам или вечера? 1 месец има поминато од воведување на 1 оброк.
Ај да прашам искуства. По пиљариве гледам веќе извадени праски, сливи, јагоди(немам сеуште воведено) и др производи на кои се рсзбира не им е ни време ни сезона. Дали купувате за бебиња од нив, со оглед дека сигурно се хемиски третирани? Не ми е проблем и цената, би купила за бебе, јас секако нема да јадам за него да има. Од друга страна пак, кашичките за бебиња стојат по рафтови и кога ќе го видам рокот на производство коса ми се дига. Работава, кое зло да го одбереме? А бебе си сака овошје, машала.
Јас не би дала знаејќи колку е третирано тоа овошје/зеленчук со хемија. Од друга страна се тешам дека тие готови кашички треба да поминат некои контроли и да задржат квалитет, односно да одговараат на составот пишан позади. Тоа БИО што сите ние го купуваме нели треба некако да се оправда и сигурно е контролирано. Најбезболно ми е да давам тоа што е во сезона или тоа што имам сама замрзнато и му го знам потеклото, што немам и не е сезона би дала кашичка. Совет добив од педијатар дека не мора се што има на списокот за одредени месеци да воведам, подобро е тоа што е сезонско да воведам а за др да почекам сезона. Секако тоа што не е од наше поднебје воведувам според месеци, за другото планирам да почекам.
@Doktor F Имав резерви во фрижидер во сега. Се се потроши и баш ми е криво што не сум ставила поголеми количини. Ама пак добро поминав, цела зима. Сега почнав со кашички, земам чиста слива, праска, кајсија па мешам со некоја сезонска овошка.